Ако не паднат таксите, паѓа владата? Клучна средба денеска во Приштина
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Дел од локалните медиуми оценуваат дека проблемот би можело да доведе до дестабилизација и на внатрешен план, односно до пад на владата на Рамуш Харадинај. Како причина за тоа ги наведуваат спротивставените ставови меѓу премиерот Харадинај и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

 taci-i-haradinaj

Косовскиот претседател, Хашим Тачи од првиот човек на косовската влада бара укинување на таксите воведени за српски производи, што е барање и на САД, порачувајќи дека популистичките мерки треба да се прекинат.

Харадинај е против со образложение дека ги брани интересите и територијиалниот интегритет на државата.
Денешната средба меѓу претседателот на парламентот и премиерот на Косово со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, на кој ќе се разговара за барањето на САД за укинување на таксите за Србија, би можело да доведе до дестабилизација на институциите во Косово, односно до смена на Харадинај, пренесува агенцијата Спутник, повикувајќи се на приштински медиуми.

Претставниците на Демократската партија на Косово, чиј лидер е претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, се иницијатори за средбата со очекување дека ќе биде постигнат договор, односно дека премиерот Харадинај ќе го прифати барањето за укинување на таксите и оти нема да дојде до влошување на односите со САД.
Истовремено, против повлекувањето на таксите се изјасни и претседателот на „Националниот совет на социјал-демократската иницијатива“, Јакуп Красниќи, кој порача дека е многу подобро да падне владата, во чија коалиција е и неговата партија, отколку Косово да ја повлече одлуката за воведување на таксите.

Ова не е прво несогласување меѓу премиерот и претседателот на Косово. Тие беа на спротивна страна и кога се лиферуваше прашањето за можна размена на територии меѓу Косово и Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×