Ако Yahoo се продава … би го купиле и Мердок, и Disney, и AT&T …
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

yahooВчера излезе информацијата дека Yahoo притисната од инвеститорите поради не баш задоволителните резултати може и да го продаде главниот интернет бизнис, а веќе се јавија заинтересирани да го купат. The Wall Street Journal пишува дека меѓу заинтересираните се Verizon Communications и IAC/InterActive Corp., американската медиумска и интернет компанија што ги поседува Vimeo, About.com, Ask.com, PriceRunner …. Овие две компании наводно би го купиле целиот пакет, а има и други што се заинтересирани за одредени сегменти. Меѓу нив е News Corp. на Руперт Мердок. Гласините велат дека интерес има има и кај AT&T и Disney.

Покрај тоа што денес е далеку од некогашната позиција (благодарение на Google), Yahoo сѐ уште располага со 7 милијарди долари готовина, краткорочни инвестиции, имот, опрема …, и сѐ на сѐ 1,2 милијарди долг. Пазарната вредност на компанијата по вчерашното затворање на берзите е 32 милијарди долари. Сопственик е на 15% од Alibaba што моментално вредат 30 милијарди.

Став на инвеститорите е дека за слабите резултати на Yahoo виновна е погрешната стратегија за вложување и недоволното капитализирање на корисничката база, која иако е драстично помала од онаа на Google, сепак брои 200 милиони активни корисници месечно само во САД. Вредноста на евентуалната аквизиција на интернет бизнисот на Yahoo аналитичарите ја проценуваат некаде меѓу 1,9 и 3,9 милијарди долари, без готовината со која компанијата располага.

Во мандатот на Мариса Маер како прв човек (четири години), наспроти амбициите, Yahoo загуби 1,4% од глобалниот пазарен удел – Google има 70,8% од пребарувањето на интернет, а Yahoo 9,6%. Но, Yahoo сѐ уште приходува во милијарди од огласување. За традиционалните медиумски компании како Disney и за телекомите, публиката на Yahoo и пристапот до податоците за потрошувачите, би било секако голема вредност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×