Акцелераторот УКИМ ќе разменува искуства за стартапи со студенти од Луцерн
Објавено на од во Економија
Стотина студенти од Северна Македонија и од Швајцарија од денеска до 11 мај ќе разменуваат искуства за развој на нови бизниси и претприемништво на техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“(УКИМ).
nauchno_tehnoloshki_park_Акцелераторот УКИМ првпат ќе биде домаќин на група од шест професори и седумдесеттина студенти запишани на мастер програма за бизнис и администрација од Универзитетот за применети науки и уметности од Луцерн во Швајцарија. Програмата за стекнување нови знаења преку размена на искуства за македонски нови бизниси (стартапи) и студентски тимови од Швајцарија е насловена „Booster week –Developing Entrepreneurship Together”. Ја организираат Акцелераторот УКИМ, во партнерство со Центарот за претприемништво и развој (ЦЕЕД Хаб Скопје), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“и Универзитетот за применети науки и уметности oд Луцерн.
Со оваа програма, ќе почне соработката помеѓу двата универзитети која има цел да го потпомогне развојот на претприемништвото и иновациите кај нас. Македонските стартапи ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења и да разменат искуство со гостите од Швајцарија. На 14-т естартапи ќе им биде обезбедена менторска поддршка за унапредување на нивните бизнис модели и постоечките технолошки решенија.
Учесниците од држвава се дел од првата предакцелераторска програма наменета за студентите на УКИМ, и акцелераторската програма за стартапи при Акцелераторот УКИМ.  Целта на интерактивнитеработилници под менторство на гостите од Швајцарија е дасе овозможи побрз пристап доглобалниот пазар за производите на македонските стартапи. Постигнатите резултатите ќе бидат презентирани пред професорите од двата универзитета на 11 мај во Техничкиот кампус на УКИМ.
Програмата почнува вечер со официјално отварање во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Машински факултет. Предвидени се обраќања на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер,  како и на Рене Зеир од Универзитетот за применети науки и уметности Луцерн и Александар Стамболиев, извршен директор на Акцелератор УКИМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×