Акциите на „Бетон“ од Штип од денеска нема да котираат на берза
Објавено на од во Компании
Одборот на директори на Македонската берза на вчерашната седница, одлучи „Акциите издадени од Бетон АД Штип ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 12.07.2019 година“, соопшти берзата.
beton-stipПричина за одлуката, како што се наведува, е дека за компанијата се води стечајна постапка.
За Бетон Штип е поведена стечајна постапка на 2 јули годинава. Првичните побарувања само од три фирми кои биле предлагачи за отворање на стечајна постапка, изнесуваат 76, 7 милиони денари.
Компанијата, поради лошата финансиска состојба лани ги запре работите на сите објекти во Штип како и на Офицерскиот дом и на хотелот до Офицерскиот дом и зградата на ФИНКИ.
Бетон Штип е позната и по тоа што работеше на седум објекти од проектот „Скопје 2014“ за вкупна вредност од 55 милиони евра. Најголеми договори има склучено со државата за ФИНКИ – 12.804.035 евра, МЕПСО – 10.579.065 евра и за заедничката зграда на Уставен суд, Државен архив и Археолошки музеј – 9.064.807 евра.
Компанијата се споменува и во предметот на СЈО „Тендери“ против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, која е обвинета за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања за местење тендер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×