Aкциите на Deutsche Bank повторно паѓаат
Објавено на од во Компании
Цената на акциите на Дојче Банк е намалена за 12 % од најавата за реструктуирање во неделата и за намалување на 18.000 работни места со интенција да се заштедат 7,4 милијарди евра (8,29 милијарди долари). Денес, акциите на берзата паднаа за 5,2%, што е најниско ниво во две недели.
дојче банкАналитичарите велат дека Кристијан Шуванг, извршен директор кој е на функција нешто повеќе од една година, е во право да ги намали трговските дивизии на Дојче, но се сомневаат дали тој може да го направи планот да работи во пракса, кога каматните стапки се сѐ уште ниски, а американските банки го зголемија својот удел на германскиот пазар.
“Намалувањето на испарливи, капитално-интензивни и слаби активности за продажба и тргување, како и натамошно намалување на цената на базата, треба да ја подобрат профитабилноста и да го зајакнат влијанието, но ризиците од извршувањето се високи”, изјави рејтинг-агенцијата Фич.
Минатиот месец, Фич ја намали оценката за банката на статусот “БББ”, најнизок статус на инвестициска оценка.
Дојче Банк планира да се фокусира на корпоративното банкарство и управување со богатството, области кои можат да понудат постабилни приходи од инвестициското банкарство, но се повеќе се конкурентни.
Банката во понеделникот почна да дели откази во трговските департманти, со персонал отпуштен во канцеларии што се протегаат од Сиднеј до Њујорк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×