Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ најтргувани на Берзата лани
Објавено на од во Економија
Најголем пораст на цената меѓу најтргуваните акции имала онаа на Стопанска банка Битола, од 55,5%, додека најголем дивиденден принос имала акцијата на Стопанска банка Скопје, од 31%.
Berza

 

 

 

 

 

 

Акциите на Комерцијална банка со 597,2 милиони денари (9,7 милиони евра), Алкалоид со 372,5 милиони денари (6 милиони евра) и НЛБ Банка со 284.8 милиони денари (4,63 милиони евра) се трите најтргувани хартии од вредност на Македонската берза во 2017 година, покажува нејзиниот годишен извештај.

Вкупниот промет со акции на Берзата лани, во класично тргување,  бил 2,73 милијарди денари (44,4 милиони евра), што е за 50% повеќе во однос на 2016 година. Вкупниот износ пак на истргувани хартии од вредност на домашниот пазар на капитал во 2017 г. бил 4,74 милијарди денари (77 милиони евра), што е 57% повеќе во однос на годината претходно. Од нив, 2,9 милијарди денари се во класично тргување, а 1,82 милијарди денари се блок трансакции.

Кај блок трансакциите, доминираат оние со акциите на Коппер Инвестментс, во износ од 385 милиони денари (6,2 милиони евра), пред блоковите со акциите на Комерцијална банка, со 275 милиони денари (4,5 милиони евра).

Тргувањето со обврзници има голем пад лани, од 69%, на 179 милиони денари (2,9 милиони евра).

Вкупната пазарна капитализација на Берзата на крајот од 2017 била 139,8 милијарди денари (2,27 милијарди евра), што е 16,4% повеќе од 2016, додека пазарната капитализација на акциите е 136,4 милијарди денари, или 17,8% повеќе.

Меѓу најликвидните акции, односно членките на МБИ10 индексот, најголем пораст за една година има акцијата на Стопанска банка Битола со 55,5%, НЛБ Банка со 49,4%, Алкалоид од 39%, итн. Само акцијата на Комерцијална акција меѓу 10-те најликвидни има разлика во цената од -3,4% помеѓу последниот ден во 2016 и 2017 година. МБИ-10 индексот пораснал за безмалку 19% за една година.

Најголем пак пораст воопшто на цената лани имале акциите на Триглав осигурување, од 514%, Јака 80 Радовиш со 472%, Лотарија на Македонија со 372%, МЗТ Пумпи со 198,5% и Уни Банка со 110%. Најголем пад имаат забележано цените на акциите на Струмица Табак за 87,5%, Технометал Вардар со 68,9%, Герас Цунев со 50% и Нова Стоковна куќа Струмица со 33%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×