Акциите на Комерцијална банка и Алкалоид во новите регионални индекси на СЕЕ Линк
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Двата индекси SEE LinX и SEE LinX EWI  имаат ист состав: бугарските компании Advance Terrafund REIT, Sopharma  и Monbat; хрватските Atlantic Grupa, Ericsson Nikola Tesla, Hrvatski telekom, Podravka и Valamar Riviera и македонските Комерцијална банка и Алкалоид.

Berza

Од денес СЕЕ Линк започнува со пресметување на првите два акциски индекси SEE LinX и SEE LinX EWI кои се креирани со цел да ја подобрат видливоста на регионалните пазари, известија од Македонска берза, која заедно со Загребската и Бугарската берза се партнери во проектот СЕЕ Линк.

Во составот на индексите влегуваат акциите на 10-те најликвидни компании коишто котираат на трите берзи учеснички и тоа: 5 од Хрватска, 3 од Бугарија и 2 од Македонија.

Двата индекси имаат ист состав: бугарските компании Advance Terrafund REIT-Sofia, Sopharma AD-Sofia и Monbat AD-Sofia; хрватските компании Atlantic Grupa d.d., Ericsson Nikola Tesla d.d., Hrvatski telekom d.d., Podravka d.d. и Valamar Riviera d.d. и македонските компании Комерцијална банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје.

SEE LinX е индекс пондериран со пазарната капитализација прилагоден со free-float-от на секој од елементите во неговиот состав, додека SEE LinX EWI е еднакво пондериран индекс со истиот состав како SEE LinX.

Базната вредност на двата индекси е утврдена на 100 поени и истите ќе се пресметуваат во реално време во  валута евра.

Интеграцвија на берзи со капитализација од 30 милијарди долари

СЕЕ Линк индекси ќе придонесатза поголема видливост на регионалните пазари на капитал, како и поголема транспарентност, овозможувајќи им на инвеститорите да ги следат движењата на цената на акциитеи врз основа на тоа полесно да донесат инвестициски одлуки.

СЕЕ Линк е иновативна регионална платформа што ги поврзува Бугарската, Хрватската и Македонската берза, поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)  и истата стана оперативна со лансирањето на системот за пренасочување на налозите за тргување на 29.03.2016 година.

СЕЕ Линк платформата ќе помогне да се интегрираат националните пазари на капитал со вкупна пазарна капитализација од 30 милијарди долари и ќе овозможи размена на налози за тргување за околу 400 акции котирани на трите берзи. Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.

И Белградската и Љубљанската берза заинтересирани за СЕЕ Линк

Белградската и Љубљанската берза ја потврдија својата намера за приклучување кон проектот.

СЕЕ Линк е проект кој го започнаа Бугарската, Македонската и Загребската берза со цел креирање на регионална инфраструктура за тргување на хартии од вредност котирани на овие три берзи. Во мај 2014 година беше основано заедничко друштво СЕЕ Линк ДОО, со седиште во Скопје, со кое беше и формализирана соработката на овие берзи.

Во јули 2014 година ЕБОР ја поддржа првата фаза од реализацијата на проектот СЕЕ Линк со одобрување на грант од 540.000 евра за воведување на електронски систем за пренасочување на налозите за тргување. Финансирање за овој проект е обезбедено од страна на донаторите на ЕБОР преку посебен фонд. Паралелно со ова, трите берзи имаат сопственичко учество во СЕЕ Линк од вкупно 80.000 евра. Зајакнување на локалните пазари на капитал и поттикнување на користењето на локалните валути е еден од приоритетите на ЕБОР во Западен Балкан. Заложбите на ЕБОР се да се намали зависноста од надворешните извори на финансирање и да се промовира развојот на домашните извори на финансирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×