Акциите на технолошките гиганти продолжуваат да тонат и оваа недела
Објавено на од во hi-tech & business

Акциите на технолошките компании беа водечки двигатели на растот на пазарот, а сега би можеле да станат главен виновник за падот.

Откако американските технолошки перјаници продолжија со берзанските загуби и на почетокот на оваа недела, сѐ повеќе аналитичари сметаат дека е завршен периодот на нивен подем.

Технолошкиот индекс Nasdaq во понеделникот падна повеќе од еден отсто на 6144 бодови по отворањето на тргувањето откако во петокот потона 2,4%, а негативниот сентимент се прошири и на останатите сектори. Падот на Nasdaq го предводеше акцијата на Apple која губеше преку три отсто на 143,8 долари, но по половина отсто губеа и Amazon и Alphabet. Facebook и Netflix паднаа меѓу 0,9 и 1,3%. Со тоа е продолжена корекцијата што минатата недела резултираше со најлоша седмица за Nasdaq поради вкупна загуба од 1,5%.

Само во петокот Apple потона скоро 4%, а вкупно петте најголеми технолошки компании загубија 100 милијарди долари пазарна капитализација. Падот во петокот на некој начин беше претскажување на главната причина за негативниот сентимент оваа недела. Имено, во неделата аналитичарите на Mizuho Securities ја намалија својата препораката за акцијата на Apple од „купете“ на „неутрално“.

Главната причина за намалувањето е мислењето дека во моменталната цена веќе е пресметана идната заработка на Apple, и оти акцијата всушност и нема значаен потенцијал за раст.

Apple, Facebook и Amazon и натаму се годинава во плус 27%, додека Alphabet зајакна 20%. Најлош резултат, ако така може да се каже, има Microsoft, чиј плус е „само“ 11%. Меѓутоа, S&P 500 индексот во тек на оваа година во плус е 7%, што доволно зборува за надмоќноста на технолошките акции. Но, странските аналитичари сега стравуваат дали технолошките акции сега ќе станат и главен двигател на падот на пазарот. Притоа како аргумент ја истакнуваат релативно високата цена на овие акции. „Односот на ризикот и заработката почна да се влошува“, сметаат во JPMorgan Chase.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×