Акционерите на Мермерен комбинат најмногу ќе се офајдат: дивидендниот принос е 14,5%
Објавено на од во Компании

489c0e9ed95cfe63c959bafe3a99e5aeПочнува сезоната на дивиденди

До моментот на затворање на овој текст (22.04.2019, н.з.) 14 котирани компании на Македонската берза ги објавија дивидендните календари или објавите за акционерски собранија каде што се наведени предлозите за износот на дивидендата. На второ место според дивидендниот принос после Мермерен комбинат е Комерцијална банка, со 8,3%, односно бруто дивиденда од 420 денари по акција, потоа ТТК Банка со речиси ист процент на дивиденден принос, 8,2% и бруто дивиденда од 105 денари по акција; Реплек со 6,7% и 4.704 денари бруто износ на дивиденда по акција, итн., сдо Фершпед и ОКТА, со 2,6%, односно 1,8% респективно дивиденден принос.

 

Акционерите на Мермерен комбинат – Прилеп имаат причина за најголемо задоволство од поделената дивиденда годинава, според она што го објави компанијата: Собранието на акционери на седницата од 16.04 годинава одлучи добивката од 2018 година во износ од 22,8 милиони евра да ја распредели во бруто дивиденда во вредност од 4,87 евра или 300 денари по акција. Последен ден за тргување со право на дивиденда со оваа акција беше 24.04., а 14,5% е нејзиниот дивидендниот принос, односно процентот што се добива кога ќе се подели износот на дивидендата по акција со нејзината последна цена на тргување на крајот од 2018 година. Овој дивиденден принос е највисок меѓу акционерските друштва котирани на Македонската берза, а коишто одлучија да ја распределат добивката на своите акционери годинава.
До моментот на затворање на овој текст (22.04.2019, н.з.) освен Мермерен комбинат, уште 13 котирани компании ги објавија дивидендните календари или објавите за акционерски собранија каде што се наведени предлозите за износот на дивидендата.
Кај седум компании веќе се поминати последните датуми кога може да се тргува со право на дивиденда, додека кај останатите с$ уште има време за размислување да се купат акции, со оглед дека акционерските собранија таму с$ уште не се поминати, како на пример кај Фершпед, Македонски Телеком, итн. (види табела, н.з.). Најмногу време за мислење имаат потенцијалните инвеститори во акцијата на Цементарница Усје, каде што последниот ден за тргување со право на дивиденда е 10.06., а предложениот бруто износ на дивиденда по акција е 1.513 денари, што е без малку 50% од номиналната цена на акцијата (околу 3.150 денари), но акционерите што допрва би вложиле во оваа хартија од вредност привлечени од дивидендата, повеќе ги интересира претходно спомнатиот дивиденден принос што во случајов изнесува 6,6%.
Последната истргувана количина од оваа акција до моментот на затворање на овој текст била 09.04, по цена од 23.000 денари, а се истргувале осум акции.
Tabela za dividendi - koregirana 2019Солидните дивиденди и лани ги привлекоа инвеститорите
Инаку, според дивидендниот принос, на второ место после Мермерен комбинат е Комерцијална банка, со 8,3%, односно бруто дивиденда од 420 денари по акција, потоа ТТК Банка со речиси ист процент на дивиденден принос, 8,2% и бруто дивиденда од 105 денари по акција; Реплек со 6,7% и 4.704 денари бруто износ на дивиденда по акција, итн., с$ до Фершпед и ОКТА, со 2,6%, односно 1,8% респективно дивиденден принос.
Со оглед на рекордно ниските каматни стапки за штедење периодов, коишто во најдобар случај кај домашните комерцијални банки изнесуваат околу 2,5-2,7% за петгодишен период на орочување, вложувањето во акции со цел да се земе дивиденда никогаш не изгледало попривлечно како идеја.
Впрочем, како што вели Горан Марковски, директор на друштвото за управување со инвестициски фондви КБ Публикум Инвест, солидните дивиденди биле еден од одлучувачките фактори што ги привлекоа инвеститорите во акции лани, исто како и во 2017 година. Да потсетиме, лани главниот берзански индекс МБИ10 имаше раст од околу 37%, после порастот во 2017 година од над 18%.
„Иако, ако сме малку критички настроени, и овие инвеститори во дадена ситуација прават грешки, затоа што се потпираат исклучиво на факторот дивиденда. Не навлегуваат подлабоко во анализите на компаниските перформанси – какви се стапките на раст на компанијата, колку е одржлива дивидендната политика на долг рок, што ќе се случи ако компанијата добие нов сопственик, итн. Но, сепак, ова е многу поисправна позиција до однос на она што се случуваше пред десетина години, кога масовно се купуваа акции врз основа на шпекулации, нереални очекувања, неедуцирани дискусии, итн.“, вели Марковски.
Интересот за купување акции од компаниите коишто „традиционално“ делат дивиденда или се очекувало годинава да поделат со оглед на добрите финансиски резултати од лани се гледа и по динамиката на берзанскиот промет во првите три месеци, особено во март, кога почнуваат да се појавуваат соопштенијата за акционерски собранија со предлог одлуките за поделба на дивиденди и нивните износи.
Slika za vnatre dividendaТака, на пример, прометот со акцијата на Комерцијална банка, една од најликвидните на Берзата, во јануари изнесувал 74,4 милиони денари, во февруари 80 милиони, додека во март 97 милиони денари.
Со акцијата на Алкалоид пак, исто така постојано привлечна акција за инвеститорите, прометот во февруари изнесувал 35 милиони денари, во март месец скокнал на 49 милиони денари.
Сава пензиско друштво повторно бара поголема дивиденда од Македонијатурист
Дали ќе се подели дивиденда или не, предлагаат раководните органи на акционерското друштво, а одлуката треба да ја усвои акционерското собрание. Имаше ситуации последнава деценија, компании со години да решаваат добивките да ги задржат во резерва, односно за реинвестирање, и да не делат дивиденда. Има случаи, пак, и како актуелниов во Македонијатурист, каде што еден од поголемите акционери не е задоволен со висината на распределената добивка како дивиденда и бара таа да се зголеми. Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво АД Скопје, којшто е акционер со над 5% удел во Македонијатурист, повторно како и минатата година предлага бруто дивидендата да се зголеми, односно, од предвидените 239,3 денари по акција, да се качи на 380,8 денари по акција, односно дивидендата од 97,4 милиони денари, да изнесува 155 милиони денари, што е всушност минатогодишната добивка на компанијата плус акумулирана добивка што е нераспределена од минати години. Аргументите на Сава пензиско друштво се дека Македонијатурист располага со висок износ на парични средства и висок износ на акумулирана добивка и резерви.
“Заклучно со 31.12.2018 акумулираната добивка и резервите се неколку пати повисоки од самиот акционерски капитал и заедно изнесуваат 30,9 милиони евра, а депозитите на компанијата се над 20 милиони евра. Во услови кога паричните средства на компанијата се на високо ниво, а задолженоста речиси нула, сметаме дека капиталната структура на Македонијатурист не е на соодветно ниво. Во услови на ниски каматни стапки во споредба со висок потенцијален принос од ниско вреднување на акциите на Берза, сметаме дека вишокот парични средства треба да се дистрибуира на акционерите во форма на дивиденда, како и преку откуп на сопствени акции. Стабилната финансиска состојба на Македонијатурист дава доволен простор да се издвои повисок износ за дивиденда, без да се загрози работењето на компанијата.“, велат од Сава пензиско друштво. Нивниот став е дека со исплата на повисока дивиденда, како и со откуп на сопствени акции, ќе се придонесе да се зголеми вредноста, но и ликвидноста на акциите на Македонијатурист на Берзата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×