Аквизиција на домашниот осигурителен пазар: Граве ја презеде Еуросиг којашто продолжува како Граве осигурување неживот  
Објавено на од во Компании
Австриската групација Граве, активна на македонскиот пазар од 2007 година во животното осигурување, го купи домашниот осигурител Еуросиг, којшто продолжува ребрендиран на пазарот како Граве осигурување неживот. 
IMG_20190826_122251_resized_20190826_061944661
За јавно необјавена сума австриската групација Граве во целосна сопственост ја презеде домашната осигурителна компанија Еуросиг, којашто сега ребрендирана продолжува да работи под името Граве осигурување неживот. Граве од 2007 година  е присутна на македонскиот пазар во делот на животното осигурување каде што во моментов има околу 30% пазарен удел.
„Во согласност со нашите премиси на развој, намерата да ја зацврстиме нашата позиција на локалниот осигурителен пазар, како и да понудиме осигурителни продукти и во сегментот на неживотно осигурување, ве информираме дека Grazer Wechselseitige Versicherung AG ја превзема осигурителната компанија Еуросиг Скопје АД која станува нова членка на ГРАВЕ групацијата. Со овој чекор македонскиот осигурителен пазар ќе се збогати со нови вредности: меѓународно признат квалитет на производите, сигурна политика на вложување, како и грижа за корисниците и нивните интереси.“, истакна на прес конференцијата по повод преземањето денеска, д-р Отмар Едерер, претседател на Управниот одбор на дивизијата на Граве за управување со средства, како и претседател на Надзорниот одбор на новата компанија Граве осигурување неживот во Македонија.
На пресот се обрати и претседателот на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето, д-р Климе Попоски, којшто истакна дека ова преземање е само уште еден доказ дека потенцијалот на домашниот осигурителен пазар, особено во делот на незадолжителните неживотни осигурувања е огромен.
„Просечната стапка на раст на македонскиот осигурителен пазар изминативе десет години е највисока во регионот, а влезот на реномирана групација како Граве во делот на животното осигурување  може само дополнително да го засили овој раст. Во услови на усогласување на домашните регулативи со оние од ЕУ, како и засилен надзор врз работењето на осигурителните компании, се случи некои од нив да не покажат доволно капацитет за да ги издржат новите околности, па се случи нивно излегување од пазарот. За сметка на тоа, годинава добивме две реномирани европски финансиски корпорации коишто влегоа како нови играчи во делот на неживотното осигурување“, истакна Попоски.
Според најавите на менаџментот, Граве осигурување неживот ќе се фокусира на сегментот осигурувања од автоодговорнсот во сообраќајот, но нема да го запостави и делот на имотни осигурувања, како за физички, така и за правни лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×