Алан Дехаз: Работа од дома засекогаш? Не толку бргу…
Објавено на од во ЛИДЕРИ

Alan Dehaz2Алан Дехаз
директор на Adecco, една од водечките агенции во светот за привремени вработувања, аутсорсинг решенија, хедхантинг и обука

Главниот извршен директор на Adecco, една од најголемите светски агенции за вработување, дискутира околу добрите и лошите страни на работењето од дома, како и за тоа што ќе биде потребно за да останете конкурентни на пазарот за труд во постпандемичната ера.

 

Алан Дехаз знае многу за пазарот на работна сила, и тој вели дека работата од дома не е дефинитивно решение за светската економија.
Педесет и седум годишниот Белгиец, како што пишува WSJ, има добар увид во проблематиката на работните места, како прв човек на Adecco Group, една од водечките агенции во светот за привремени вработувања, аутсорсинг решенија, хедхантинг и обука.
Многу компании во последно време се загреаја за концептот на работа од дома, поттикнати од карантините што ги наметна корона – кризата изминативе неколку месеци. Г-дин Дехаз се согласува дека има придобивки од тоа, но исто така и ризици.
„Работата од дома за жал креира социјална дистанца што не би сакале да ја имаме„, вели тој, иако и самиот не гледа враќање кон нормалниот начин на работа додека не се дистрибуира вакцина низ целата планета.
Adecco проучувала периодов дузина примери за тоа како водечките економии реагирале на здравствената криза, со намера да се откријат политиките што даваат најдобри резултати. За да се вратат економиите повторно во живот, владите мора да инвестираат околу 10% од својот бруто домашен производ – и тоа да го сторат што побргу, е заклучокот на Adecco.
„Се работи за количината на пари, но и за тоа колку брзо ќе ги ставите тие пари во погонот на економијата“, вели Дехаз, којшто смета дека Германија и Швајцарија бележат релативно брзо закрепнување од пандемијата.
Тој деновиве разговараше со новинарот на Wall Street Journal преку видео врска од Цирих, каде што е седиштето на Adecco. Ви пренесуваме дел од најинтересните моменти.
За некои, многу е згодно да работат од дома. Но, за многумина, пак, е вистински кошмар. Постојат предизвици, како што се квалитетот на интернет инфраструктурата, компјутерските екрани, границата помеѓу приватниот живот и работата. Не сите имаат идеални услови дома да работат на раат. И постои уште една работа, што, за мене, е многу битна: Што со културата, социјалната интеракција што ја имате во компанијата?
Дали забележувате некакви светли точки кај пазарите на труд во моментов?
Повеќе од јасно е дека целата оваа Ковид – 19 ситуација ја забрза и допрва ќе ја забрзува дигитализацијата. Сведоци сме дека, на пример, сите е-commerce и слични услуги доживуваат огромен пораст периодов. Среде Велигден имавме Божиќ, што се вели, затоа што традиционално онлајн нарачките го доживуваат својот врв за време на новогодишните празници. За еден од нашите најголеми клиенти, регрутиравме 16.000 луѓе во Европа. И тоа го сторивме без никаков физички контакт, се’ беше дигитално.
Како, според вас, работодавците и работниците ќе гледаат на работењето од дома штом работите се вратат во нормала и луѓето ќе можат повторно да се најдат во своите канцеларии?
Има повеќе позитивни аспекти во врска со работата од дома. Не мора да патувате до работното место, па така штедите време и пари. За некои, многу е згодно да работат од дома. Но, за многумина, пак, е вистински кошмар. Постојат предизвици, како што се квалитетот на интернет инфраструктурата, компјутерските екрани, границата помеѓу приватниот живот и работата. Не сите имаат идеални услови дома да работат на раат. Потоа, тука се наметнува прашањето кој ќе плати за сета потребна дигитална инфраструктура? Кој ќе го искористи бенефитот од времето и парите заштедени поради непатувањето до работа и назад – вработениот или работодавецот? И постои уште една работа, што, за мене, е многу битна: Што со културата, социјалната интеракција што ја имате во компанијата?
Alan Dehaz3Социјалното дистанцирање и компаниската култура не одат едно со друго?
Лично, не го сакам терминот „социјална дистанца“. Претпочитам „физичка дистанца“, затоа што тоа ни е потребно додека не најдеме некое чаре за вирусот. Предизвикот е физичката дистанца наспроти социјалната интеракција. Со тоа што се заедно со колегите, вие се поврзувате, споделувате многу нешта. Ги култивирате своите вредности, својата смисла на живеење и работа. Ако сте постојано сами, не знам како може да ги култивирате овие нешта. Тоа е како пријателството и љубовта. Не може да го култивирате пријателството и љубовта само преку сувенири, преку сеќавања. Ви треба присуство, треба да ги негувате емоциите. А, компаниската култура, таа исто расте и се негува преку искуствата. Оваа социјална блискост мора да остане важна и понатаму.
Тренинзи и преквалификации – се изродија ли некои урнеци за време на пандемијава во смисла на области или вештини што се најмногу барани?
Решивме да организираме бесплатни онлајн курсеви секој петок преку General Assembly (подружницата на Adecco специјализирана за тренинзи и обуки) и беше навистина неверојатно. За неколку недели дојдовме до 230 илјади заинтересирани. Што беше најбарано? Она што го нарекуваме вештини за дигитален маркетинг, како што е search – engine optimization, Google analytics, се’ што е поврзано со социјални мрежи, се’ што е поврзано со data science, business intelligence, итн.
Нашата мисија е до 2030 година да преквалификуваме пет милиони луѓе, и се надеваме дека сета оваа Ковид ситуација ќе биде само забрзувач на работите.
Доквалификација и преквалификација ќе бидат апсолутно потребни за да се остане конкурентен на пазарот за труд, затоа што технологијата забрзано се менува, и луѓето поради тоа губат околу 40% од своите вештини секои три години. Тоа значи дека за помалку од 10 години ќе останете тотално „боси“ со вештини доколку не се усовршувате постојано.
Дали е побарувачката главно за дигитални вештини? Има ли некои други области?
Своевиден хибрид е. Од една страна, да, дигиталните вештини се исклучително важни – особено сe’ што е поврзано со аналитиката на големите бази на податоци, но исто така битни се и т.н. меки вештини: емпатија, емоционална интелигенција, креативност, соработка…
А, луѓето веројатно треба да имаат мајндсет дека се во константна состојба на преквалификација…
Да. Мислам дека отсега така ќе биде постојано. Доквалификација и преквалификација ќе бидат апсолутно потребни за да се остане конкурентен на пазарот за труд, затоа што технологијата забрзано се менува, и луѓето поради тоа губат околу 40% од своите вештини секои три години. Тоа значи дека за помалку од 10 години ќе останете тотално „боси“ со вештини доколку не се усовршувате постојано.
Можат ли и треба ли владите да имаат улога во сето ова?
Една добра алатка е она што го нарекуваме индивидуален работен профил. Креиран е како концепт во Сингапур, а истото го имате и во Франција, и речиси исто е и во Бразил. Тоа е можноста секој работник да има своја лична тренинг „сметка“. Добивате пари од државата, или од компаниите – зависи како сакате да го структурирате. Можете да си ставата пари на оваа сметка и самите, па кога ќе ви треба доквалификација и преквалификација, имате некаков буџет на располагање.
Се надевам дека кризава ќе ги поттикне владите да се движат во оваа насока, затоа што доквалификацијата и преквалификацијата се еден вид заштита за секој работник. Денес, многу земји имаат систем за заштита кога е во прашање болест, пензионирање или невработеност. Земјите треба да ги третираат и доквалификацијата и преквалификацијата на ист начин.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×