Алан Шаф, основачот на Imgur, утре во Скопје
Објавено на од во Start-up
Алан Шаф, основачот и шеф на најпопуларната светска онлајн платформа за споделување и хостирање на слики, Imgur, утре ќе говори на The Talk во Скопје, во организација на Сеавус Инкубатор. 
Event_Alan Schaaf

 

 

 

 

 

 

 

 

Утре, среда, 2 ноември во 19 часот, Алан Шаф, основач и извршен директор на Imgur ќе има свој говор на настанот “The Talk“, кој ќе се оддржи во Сити Хол, Скопје. Настанот е организиран од Сеавус Инкубатор и претставува  дел од пред – акцелераторската програма за стартапи и претприемачи поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливостна Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус.

Imgur, чиј основач е 29-годишниот Алан Шаф, е најпопуларната заедница за споделување и хостирање на слики и GIF-ови.

Алан Шаф ќе говори за патот кој го изминал како претприемач, почетоците и вртоглавиот успех на неговата компанија, како и за предизвиците со кои се соочуваат стартапите. По говорот,тојќе одговора на прашања од претприемачите поврзани со подобро водење на бизнисот, но и за Imgur, компанија која денес вреди неколку милиони долари.

Настанот е наменет за стартапите кои се дел од програмата на Сеавус Инкубатор за развој на деловни вештини кај претприемачи и подготовка на стартапи за рано лансирање на производи  и пристап до финансии.

Сеавус Инкубатор и партнерите обезбедија дополнителни бесплатни карти кои се достапни за стартап заедницата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×