Албанија носи закон за изградба на приватни затвори
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Албанија набрзо ќе усвои закон со кој се предвидува изградба на приватни затвори.
Screenshot_4Текстот на Предлог-законот веќе го усвои Владата на премиерот Еди Рама, а набрзо се очекува да биде на дневен ред на албанскиот законодавен дом.
Со новиот закон се уредува третирањето на затворениците кои се осудени на затворска казна и оние на кои им е изречена мерка притвор, а во исто време со него се предвидува изградба на приватни затвори.
Во членот 15 од новиот Предлог – закон стои дека институциите за извршување на кривични решенија се јавни и приватни и оти Владата ги поставува правилата за работа, администрирање, склучување договори, како и правилата кои ги утврдуваат безбедносните елементи во приватните институции за извршување на кривични решенија.
Член 16 пак предвидува сместување во приватни институции за извршување на кривични решенија на лица на кои им е изречена казна затвор во траење до пет години.
Во овие институции право за сместување нема да имаат осудените лица кои со судска одлука се сместени во институции со висок степен на безбедност.
Изградба на приватни затвори албанската влада најавува од поодамна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×