Албанија повторно зоврива
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Албанскиот претседател Илир Мета реши да го одложи датумот на локалните избори. Тоа, според него, било за да ја смири тензичната ситуација и опасноста од ескалација на евентуален конфликт во земјата. За премиерот и лидер на владеачките социјалисти Еди Рама оваа одлука е „политичко самоубство“ на Мета, пишува РСЕ.
албНеколкумесечните протести на опозицијата која бара оставка на владата и предвремни избори добија нов неочекуван подарок во минатата недела.
Имено, еден германски весник објави снимки на кои обвинет за трговија со дрога во Драч им кажува на социјалистите како планира да ги принуди поддржувачите на опозицијата да гласаат за нив.
Лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша на протестите во саботата оцени дека снимките ги потврдуваат нивните наводи оти социјалистите на Рама ги украле парламентарните избори во 2017 година за да добијат втор мандат, па затоа премиерот Еди Рама треба да поднесе оставка.
„Оваа недела беше полна со извонредни вести во Албанија, Германија и Европа кои се директно поврзани со судбината на нашата земја“.
Според Баша, тоа ја оправдува и нивната одлука за бојкотирање на локалните избори.
Граѓаните на Албанија, освен за наводните изборни манипулации на власта се револтирани и поради тешката економска ситуација.
Мухарем Чуку вели:
„Ние протестираме за економијата. За се. За екстремната сиромаштија и невработеноста. Ништо не се одвива добро, сите земјоделски производи се фрлаат.“
Со него се согласува и Бафтјар Колечи кој додава:
„Овој протест е во врска со активностите на владата, која ги краде нашите гласачки ливчиња. Тие ја крадат нашата работа. Дали го слушнавте тоа?“
И покрај повиците на ЕУ и САД за разговори за решавање на ќор-сокакот, двете страни се заглавени на своите позиции, а Рама дури започна кампања за локалните избори без опозициските партии, што претставува изненадување дури и во хаотичната демократија во Албанија.
Европската комисија го повика Европскиот совет на седницата кон крајот на овој месец да ги одобри разговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската унија. Но, не сите земји го поддржуваат тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×