Албанскиот премиер Еди Рама нелегално платил 80.000 долари за да се слика со Обама
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еден човек од Флорида е обвинет дека учествувал и ја потпомагал шемата која сегашниот претседател на Албанија Еди Рама го донела како гостин на еден од донаторските настани кои ги организирал претседателот Обама организирани во октомври 2012 година, пишува порталот Politico.eu.

selfieБизнисменот Вилијам Аргерос пред федералниот суд во Њу Џерси признал дека извршил нелегални активност поврзани со нелегална политичка донација од странство.

Аргерос дал 75.800 долари на фондот Obama Victory Fund во 2012 година и последователно донирал 100.000 долари во кампањата за реизбор на Обама во 2013 година, покажуваат федералните извештаи.

Пред федералниот суд во Њу Џерси, бизнисменот Аргерос признал дека здружено со возачот на лимузини Билал Шеху примил 80.000 долари од странски извор и ги насочил кон фондот Obama Victory Fund.

Парите биле донирани со цел да се доведе Еди Рама, кој во тој период учествувал во избор на премиер на Албанија, на еден донаторски настан во Сан Франциско.

Рама подоцна ја употребил фотографијата со Обама за да сугерира дека ја има поддршката од Обама за неговиот избор за премиер. Еди Рама победи на изборите во јуни 2013 година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×