Александар Георгиевски: „ТИДЕА е маркет каде купувачoт се чувствува како дома“
Објавено на од во Интервју

Georgievski aleksandar WEBАлександар Георгиевски
комерцијален директор на ТИДЕА:

 „Производи со врвен квалитет, специјално селектирани од проверени брендови, во пакет со врвна услуга, но по пристапни цени. Тоа е концептот до кој сакаме да се приближиме колку што можеме повеќе – на некој начин новина е на македонскиот пазар да имате објект што на изглед може да остави впечаток дека нуди многу скапи производи, меѓутоа ако влезете ќе видите дека цените се за секого“         

 

Со каква идеја ја отворате TIDEA Home & Garden?

Подолго време сум во комерцијалниот сегмент во Македонија, почнувајќи од сегментите за автомобили, потоа за храна, па понатаму и токму во делот за кој е специјализирана ТИДЕА, односно алати, декор, ентериери, подови, мали домашни апарати …

Идејата беше да се понуди на македонскиот пазар нешто што досега го немало. Тоа е малку тешко, зашто и Македонија влегува во глобалното село, така што сите нови брендови, производи, сѐ ново што излегува во светот, така да речеме, за некои десетина-петнаесет денови веќе го има и овде. Но, сепак, успеавме да изнајдеме концепт за создавање на еден мал home центар, каде луѓето ќе можат да дојдат и да ни бидат гости, за да можат нашите вработени, кои не се комерцијалисти, односно продавачи, туку се консултанти, да ги насочат кон вистинскиот избор на производи, да им помогнат да се осврнат на она што е важно за еден производ, што е квалитетно, не гледајќи притоа првенствено да направат профит или промет.

Идејата беше да се направи спој на квалитетно, практично и евтино – во центарот да има само неколку брендови, но кои се специјално селектирани.

Да биде место каде купувачот ќе се чувствува како дома – да дојде, да си поседи, да си разгледа; имаме посебен простор на галеријата каде ќе може да си седне, да си порача кафе, да си ги разгледа каталозите на раат, да добие стручен совет во врска со кој и да е производ. Сакаме да го избегнеме оној ритам на класичното купување каде сѐ се прави во трк и под притисок.

Еве веќе денеска, првиот работен ден на ТИДЕА, резултираше со неколку клиенти кои почнаа да ги користат сите овие бенефити – да прошетаат, да прашаат и да се информираат, да седнат да се одморат, да го искористат и нашето детско катче што го имаме во рамки на маркетот, за додека тие се занимаваат со нашите консултанти, нивните деца безгрижно да може да си поиграат. Идејата е семеен маркет – сѐ за секого.

Georgievski aleksandar WEB 01Може ли малку повеќе околу инвестицијата, како ги обезбедивте финансиите?

Финансирањето е од сопствени ресурси на Детоил. Компанијата и вработените имаат потреба од дел од асортиманот што се нуди во ТИДЕА. И  не само тоа – вработените во нашите компании, кои се во голем број, имаат потреба од нешто што ќе го чувствуваат како свое – да можат да дојдат и да најдат овде сѐ што ќе им треба за нивните домови, градини, деловни простории; каде ќе можат да бидат сигурни во квалитетот на производот, и дека цената ќе биде најпристапната можна.

Што ќе им понудите ново на македонските потрошувачи?

Сите наши продавачи, што всушност се консултанти, имаат поминато обемна обука за сите брендови што се застапени во ТИДЕА. Инсистираме и бараме брендови што се со македонско потекло. Сакаме да бидеме фокусирани на made in Macedonia, а ако овде не постои адекватен производител на одреден вид производи што ги поразбира концептот на ТИДЕА, тогаш одиме на добавувач од надвор. Ја имаме целата програма на еден од најпознатите производители во својата бранша, Братство од Охрид, чија комплетна програма е многу тешко да се најде на едно место. Исто така, ја имаме 90% од целата програма на поранешен ЕМО, сега ЕМОС од Охрид, фабриката што е рестартирана и добро функционира, а работела извонредно во поранешна Југославија. Сакаме да помогнеме со тоа што ќе го застапуваме нивниот бренд пред увозните артикли. Зашто сме сигурни во квалитетот, и производот е тука направен, од наши работници.

Има ли брендови што премиерно доаѓаат на пазарот со TIDEA?

За првпат на македонскиот пазар носиме бренд на керамички плочки што потекнуваат од Кина, меѓутоа се работи за фабрика која постои веќе 80 години како семеен бизнис. Станува збор за производ со врвен светски квалитет, за светски бренд, компанија со свои претставништва и во САД, во Германија, во Италија, во Бразил … Компанијата се вика Dong Peng. Плочките се со извонреден квалитет, но со изненадувачки пристапна цена во споредба со она што веќе се нуди на пазарот.

Вториот бренд што ексклузивно го застапуваме не само во Македонија туку и на целиот Балкан, е чешкиот бренд ETA. За споредба, она што на просторот на поранешна Југославија претставува брендот Gorenje – квалитативно што е Gorenje за овие простори, тоа е ETA на пазарите на Полска, Чешка и Словачка. Од ETA во ТИДЕА ги имаме малите домашни апарати, телевизори, клима уреди, а понатаму ќе имаме и бела техника. Исто така, станува збор за врвен квалитет по одлична цена. Во моментов, изненадувачки, но производите на ETA се едни од најевтините што може да се најдат во Македонија во соодветната категорија. Направени се специјални цени за отворањето на ТИДЕА и за промоцијата на производите; имаме специјална поддршка од сопствениците на брендот.

За кратко време ќе имаме и германски бренд на санитарија, што има светски дизајн, со врвен квалитет, но и тука цената ќе биде пристапна. Тоа е концептот до кој сакаме да се приближиме колку што може повеќе – на некој начин новина е на македонскиот пазар да имате објект што е релативно ексклузивно уреден и на изглед може да остави впечаток дека нуди многу скапи производи, меѓутоа ако влезете ќе видите дека цените се за секого.

Какви се вашите очекувања, со оглед на потрошувачката моќ на населението?

Нашиот став е дека секој купувач, без разлика што дошол да купи, мора да има ист третман. Секому ќе го понудиме поинаквото искуство што го споменавме погоре, на купување со чувство како да е дома, без разлика дали купува производ што чини 2 или 2.000 денари. Секој ќе биде подеднакво почитуван и ќе може да ги искористи сите можности што се нудат од вработените. Да споменам дека кај нас во ТИДЕА, такво нешто немам сретнато во Македонија, буквално секое парче производ што е искористено за декорирање на ентериерот, без разлика каде е поставено, е за продажба.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×