„Алкалоид“ го реализираше проектот за гасификација на локалитетот во „Ѓорче Петров“
Објавено на од во луѓе и компании

ALKALOID_upravnazgradaНова инвестиција на фармацевтската компанија

Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации.
Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, „Алкалоид“ АД Скопје реализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации.
 Водејќи се од светските трендови за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на емисијата на стакленички гасови, стручните технички служби во компанијата – Инвестиции, Одржување и Енергетски менаџмент –  изготвија план и решение за воведување на природниот гас на локалитетот. Извршена e набавка и пуштање во употреба на два нови парни котли и горилници со ниско количество на NOx-гасови од светски реномираните производители Viessmann и Saacke, изработени во согласност со последните технолошки и инженерски достигнувања. Новоинсталираната опрема се карактеризира со исклучително висока енергетска ефикасност и искористеност на природниот гас, а направена е и модернизација на котларата, која опфаќа автономно работење од 72 часа без присуство на персонал.
Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетот Ѓорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичност во вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците за одржување на постојната опрема.
Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, „Алкалоид“ придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост.
Alkaloid labАлкалоид, инаку, имаше одличен прв квартал годинава: консолидираните приходи на компанијата се зголемени за 19% на 54,7 милиони евра, извозот е зголемен за 25%, додека нето добивката е поголема  за 7%, на 5,1 милиони евра. 
Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 5%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 25%. Од вкупните консолидирани продажби, 28% се остварени на домашен пазар, додека 72% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 36%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 23%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 11%, а на другите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби.
Во периодот јануари – март 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 56 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со тоа, на крајот на март 2020 година во компанијата работат 1.684 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во земјата и во странство има вкупно 574 вработени или вкупно 2.258 вработени во групацијата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×