Алкалоид годинава ќе подели нето дивиденда од 272 денари по акција  
Објавено на од во Компании
Фармацевтската компанија Алкалоид годинава ќе подели нето дивиденда од 272 денари по акција, односно 320 денари бруто за една акција.
alkaloid_ad_skopje-1
Нето дивидендата што годинава ќе ја исплати Алкалоид е за речиси 12% повисока во споредба со нето дивидендата од 243 денари која лани компанијата им ја исплати на акционерите.
Оваа одлука треба да биде потврдена на акционерското Собрание на Алкалоид кое е закажано на 8 април годинава.
Последен ден за тргување со акциите на компанијата е 23 април, а исплатата на дивидендата започнува од 22 мај 2019 година.
Нето добивката на Алкалоид за изминатата 2018 година изнесува околу 14 милиони евра, од кои 7,5 милиони евра ќе бидат распределени за исплата на дивиденда и персонален данок на доход, а 6,5 милиони евра за инвестиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×