Алкалоид слави осум децении постоење
Објавено на од во НАВИГАТОР

FLP_5306Години на развој, успех и грижа за заедницата

Големиот јубилеј – 80 години од основањето -  што најголемата фармацевтска компанија во Македонија го слави деновиве, не можеше на поубав начин да се одбележи, меѓу другото, и со веќе традиционалниот хуманитарен пикник, овој пат посветен на собирањето донации за болно детенце.

Сите оние што беа присутни на хуманитарниот пикник организиран од Алкалоид пред неколку дена, веројатно дека колку што беа потресени од  приказната за болеста на малиот Мартин, за чие лекување всушност и се наменети донациите  собрани на настанот, толку беа и полни со надеж дека детенцето ќе биде излекувано, ќе продолжи здраво и среќно да расте, да се школува, и еден ден, како што рече генералниот директор Живко Мукаетов, зошто да не, да биде и дел од работната средина на нашата најголема фармацевтска компанија.

Алкалоид, која што инаку деновиве слави голем јубилеј, 80 години постоење, во оваа прилика покажа уште еднаш, сега на примерот на болно детенце на свој вработен,  дека е хумана, општествено одговорна компанија, која што неброено пати до сега излегла во пресрет каде што требало да се помогне, а преку Фондацијата “Трајче Мукаетов“ стипендира одлични студенти и организира други филантропски активности.

Всушност, како што истакнал првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, во повеќе наврати досега, општествената одговорност е веќе вткаена во ДНК на компанијата, и нејзиното секојдневно делување во сите аспекти – кон сите засегнати страни – е токму во таа насока.

Осумте децении развој, инвестиции, успех, посветеност… всушност и обврзуваат на тоа Алкалоид својот успех да го споделува со оние кои што  се и најзаслужни за него – вработените, инвеститорите, деловните партнери, локалната заедница…

А, успехот на Алкалоид е приказна која почнува далечната 1936 година, како како индустриски капацитет за екстракција на морфин база и нејзино синтетизирање до кодеин. Уште тогаш, фабриката претставувала никулец на една нова стопанска гранка, не само на овие простори, туку и во поширокиот регион. Следат децении на развој, подеми, но и предизвици, промена на политички системи, сопственост, итн. Нацртот на контурите на современиот Алкалоид е дефиниран кон крајот на осумдесеттите години кога тогашниот менаџмент на чело со Трајче Мукаетов го иницира проектот за изградба на нов современ капацитет за производство на лекови.

FLP_5154Иако Македонија во изминативе декади се соочуваше со економски и политички кризи, компанијата под водство на Живко Мукаетов, а претходно и на Трајче Мукаетов, успеа да оствари континуиран раст на профитот и продажбите, да освои над 30 извозни пазари, да инвестира во развој и квалитет на производите, да се наметне како компанија која е посветена за здравјето на луѓето, и компанија која вложува во развојот на многу други сфери од општеството.

“Успехот во работењето на Алкалоид се должи пред сè, на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот Алкалоид и поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерациите пред нас, години наназад. Успехот на секој бизнис, покрај фактот што треба да понуди издржан производ, зависи најмногу од човечкиот потенцијал, кој треба да ја води компанијата напред. Технологијата, која е во служба на другите активности, исто така е прилично важен предуслов, заедно со соодветна и добро осмислена стратегија за настап како на домашниот, така и на извозните пазари.“, вели генералниот директор Живко Мукаетов.

Алкалоид го одбележа големиот јубилеј во вторникот вечер, со свечен прием одржан во хотелот Александар Палас, на кој што присуствуваа голем број на претставници на бизнис заедницата, политичкиот живот, дипломатскиот кор, верските заедници, невладините организации, медиумите, како и останатите партнери, поддржувачи и пријатели на компанијата

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×