Алкалоид со раст на извозот од 10% и 79 нови вработувања
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Alkaloid-WEBФармацевтската компанија Алкалоид во првите девет месеци годинава остварила вкупни консолидирани продажби од 95,5 милиони евра (5,8 милијарди денари), што е раст од 6% во споредба со истиот период лани.

Вкупниот консолидиран извоз на компанијата во истиот период достигна 56,7 милиони евра, и тој е зголемен за 10% во споредба со истиот период лани.

Зголемување од 1% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација или ЕБИТДА, која во првите девет месеци годинава достигнува 13,6 милиони евра (841 милиони денари).

Нето консолидираната добивка на  компанијата во истио период изнесува 7,5 милиони евра (462 милиони денари)и е зголемена за 5% во споредба со истиот период лани, покажува консолидираниот Биланс на успех на Алкалоид.

Според единечниот неконсолидиран биланс на успех, пак, во првите девет месеци Алкалоид остварил продажби во вредност од 73 милиони евра (4.5 милијарди денари), што е за 3% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 13,2 милиони евра (811 милиони денари), бележи зголемување од околу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Алкалоид во првите девет месеци инвестирал вкупно 8,6 милиони евра (530.367илјади денари), а во истиот период компанијата направила 79 нови вработувања.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×