Алкалоид со раст на извозот од 10% и раст на добивката од 8%
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека минатата година ја завршила со консолидирани продажби од 7,86 милијарди денари или околу 128 милиони евра, што е годишен раст од 6%.

Дури 60% од вкупните продажби на Алкалоид минатата година се на странски пазари. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата лани изнесувал 4,62 милијарди денари или 75,2 милиони евра, што е годишно зголемување за 10%.
Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) за минатата година изнесува 1.157 милиони денари и таа е зголемена за 2%.

Консолидираната нето добивка на Алкалоид минатата година изнесува 666 милиони денари или 10,8 милиони евра, што е раст од 8% во споредба со претходната година.

Alkaloid-WEBНеконсолидираните продажби, пак, на Алкалоид минатата година достигнаа 6 милијарди денари или околу 98 милиони евра, и тие бележат годишен раст од 4%. Неконсолидираната нето добивка, пак, за минатата година изнесува 645,6 милиони денари или околу 10,5 милиони евра, и таа лани е зголемена за 3%.

Во текот на минатата година Алкалоид инвестирал во основни средства вкупно 986,8 милиони денари или 16 милиони евра.
Во текот на минатата 2015 година во Алкалоид имало 102 нови вработувања, а на сите акционери компанија лани им исплатиле дивиденда од 189 денари по акција

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×