Алкалоид со раст на продажбите и профитот и со нови 157 вработувања во 2016
Објавено на од во Компании

alkaloid_ad_skopje (1)Фармацевтската компанија „Алкалоид АД“ Скопје објави дека изминатата година работела успешно и оствариле раст на продажбите и на финансискиот резултат.

Според единечниот и неревидиран Биланс на успех, Алкалоид во периодот јануари – декември лани реализирал продажби од 6.418.580.770 денари или 104 милиони евра, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.208.748.918 денари или 19,6 милиони евра, и бележи зголемување од околу 13%. Неконсолидираната нето добивка, пак, на компанијата за 2016 година достигна изнесува 704.269.882 денари или 11,5 милиони евра и е зголемена за 9% за една година.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби на компанијата Алкалоид достигнуваат 8.292.770.038 денари или 134 милиони евра, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 3%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 8%.

Од вкупните консолидирани продажби,40% се остварени на домашен пазар, додека 60% се остварени на странски пазари.Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 17% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: САД раст од 30%, Русија раст од 15%, Романија раст од 63%, Словенија раст од 13%, Полска раст од 141%, В.Британија раст од 125%, Унгарија раст од 135%, Турција раст од 72%, Чешка раст од 122%, Албанија раст од 47% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 83%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 19%, Кардиолошките препарати со 17%, Невролошките препарати со 13%, Антибиотиците заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 17% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 10% и Билкарство учествува со 4%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.296.423.420 денари или 21 милион евра бележи раст од 12%, додека нето консолидираната добивка во износ од 731.818.674 денари или 11,9 милиони евра е зголемена за 10%.

Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид во изминатата 2016 година изнесуваат 712.282.757 денари или 11,6 милиони евра, а само лани во компанијата имало 157 нови вработувања.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×