„Алкалоид“ со раст на вкупните продажби од 8%, раст на нето добивката од 9% и 92 нови вработувања во првите девет месеци годинава
Објавено на од во Компании

Alkaloid 1Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во изминатите девет месеци остварила вкупни консолидирани продажби од 108 милиони евра (6.646.641. 001 денари), што е раст од 8% во споредба со истиот период минатата година.

Продажбите на домашниот пазар се зголемени 6%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 9%.
Од вкупните консолидирани продажби,39% се остварени на домашен пазар, додека 61% се остварени на странски пазари.Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 32%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во В.Британија со продажби од 172.632.553 денари што претставува зголемување за 15 пати и Унгарија со продажби од 23.977.965 денари што претставува зголемување за 10 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Хрватска раст од 9%, Романија раст од 69%, Словенија раст од 13%, Русија раст од 5%, Украина раст од 36%, Црна Гора раст од 10% итн.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 84%.
Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, Кардиолошките препарати со 17%, Антибиотиците со 13%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 16% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 10% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.018.511.003 денари ( 16,6 милиони евра), бележи раст од 11%, додека нето консолидираната добивка во износ од 553.940.330 денари ( 9 милиони евра) е зголемена за 9%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2017 година изнесуваат 518.373.970 денари (8,4 милиони евра).

Неревидираниот единечен биланс на успех, пак, на Алкалоид покажува дека во првите девет месеци годинава компанијата остварила продажби од 5.143.210.986 денари или 83,6 милиони евра, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 978.094.733 денари (15,9 милиони евра), бележи зголемување од околу 9%, единечната нето добивка изнесува 565.185.770 денари (9,2 милиони евра) и истата е зголемена за 8%.

Во периодот јануари – септември 2017 година во Алкалоид се реализирани 92 нови вработувања во Република Македонија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×