Алкалоид вложи уште 400 илјади евра за проширување на својот бизнис во Словенија и ЕУ
Објавено на од во Компании
Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се вложени 400 илјади евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторијаза тестирање на лекови. 
Alkaloid3
Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина, објави компанијата утрово на Македонска берза.
 Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се вложени 400 илјади евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторијаза тестирање на лекови. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.
 Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари.
Компанијата имаше позитивни финансиски резултати во првиот квартал годинава, односно  вкупните консолидирани продажби достигнаа 46 милиони евра, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемија за 2%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23%. Од вкупните консолидирани продажби, 32% се остварени на домашен пазар, додека 68% се остварени на странски пазари. 
Алкалоид вкупно инвестираше  3,15 милиони евра во основни средства во периодот јануари – март 2019 година, а во истиот период реализирани се 55 нови вработувања во земјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×