Алтхаузер: Потребата од специјален обвинител покажува дека судството не е независно
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Фактот што специјален јавен обвинител треба да работи на случаи кои во други земји се врши во вообичаени обвинителства покажува дека нема доволна независност. Ова денес го истакна германската амбасадорка Кристинe Алтхаузер на дебатата во организација на МАНУ на тема „Независноста на судството“.

Знам, рече амбасадорката, дека работната средина во која работат судиите е далеку од совршена.

„Во последните неколку години се покажаа различни притисоци на адвокатите, јавните обвинители и во самиот правосуден систем во целост и жалам што мора да кажам дека нема успех да се одолее на тие притисоци“, рече Алтхаузер и тука, како што додаде, не обвинува никого индивидуално.

Според Алтхаузер, Македонија треба правосудството да го стави на патот кон Европа, бидејќи граѓаните заслужуваат да бидат заштитени на ефикасен начин и да бидат сигурни дека сите еднакво ќе бидат третирани пред законот, кој ќе владее во оваа земја.

Претседателот на МАНУ, академикот Владо Камбовски повика да се формира експертско тело кое во соработка со Министерството за правда, со Владата, судовите и другите институции ќе изврши ревизија на повеќе закони кои се донесени од областа на судството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×