Amazon, Berkshire Hathaway и JPMorgan создаваат здравствена компанија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Amazon, Berkshire Hathaway и JPMorganги обединуваат силите и ќе создадат здравствена компанија. Целта на трите корпорации, лидери во своите сектори, е да ги намалат расходите за здравствена заштита и да ги подобрат здравствените услуги за вработените во САД, објави Financial Times. Компанијата ќе се фокусира на новите технологии и ќе нема обврска да прави профит.

„Зголемувањето на расходите за здравствена заштита дејствува како гладна тенија на американската економија“, изјави претседателот и извршен директор на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет.

„Нашата група не успева да одговори на овој проблем. Но, ние, исто така, не го прифаќаме како неизбежен“.

Според Бафет, ставањето на колективните ресурси на трите компании зад најдобрите таленти во државата може со тек на времето да доведе до ограничување на зголемувањето на расходите за здравствено осигурување, така што истовремено ќе ги зголеми задоволството и резултатите на пациентите.

Основачот и главен извршен директор на Amazon, Џеф Безос, изјави дека системот за здравствена заштита е исклучително сложен, „но сите кои прават чекор кон овој предизвик им се јасни потешкотиите“.

„Нашите луѓе сакаат да видат транспарентност, знаење и вештини, како и контрола, кога станува збор за услугите поврзани со нивното здравје. И трите компании вклучени во проектот имаат исклучителни ресурси да ги создадат најдобрите решенија за нивните вработени и нивните семејства“, вели главниот извршен директор на JPMorgan Chase , Џејми Дајмон.

Иако нема доволно детали за новата компанија, самата новина беше доволна за да доведе до пад на цените на акциите на здравствени осигурители, како UnitedHealth, кој е најголем според пазарната капитализација, и CVS Health.

Здравствените расходи во САД растат значително во последните години, што пак води до поскапување и на здравствените осигурувања. Осигурителната премија за еден човек се зголемила за 4% во 2017 година, до 6.690 долари, и пораснала за околу 50% во последната декада, посочуваат податоците на Kaiser Family Foundation. Просечната рата на работник за премијата во 2017 година била 1.213 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×