Amazon, Berkshire Hathaway и JPMorgan  влегуваат во здравствениот бизнис
Објавено на од во ВО ФОКУС

health-trip-standard Корпоративна Америка против скапата здравствена заштита

Amazon, Berkshire Hathaway и JPMorganобјавија дека ги обединуваат силите и ќе создадат нова, непрофитна здравствена компанија. Целта на трите корпорации, лидери во своите сектори, е да ги намалат расходите за здравствена заштита и да ги подобрат здравствените услуги за нивните вработени во САД.
По веста за создавањето на нова здравствена компанија, од која е дел и Џеф Безос, еден од најголемите иноватори на денешницата, се намали вредноста на акциите на неколку компании од овој сектор. Тоа е доволен показател дека ќе следуваат големи промени во овој бизнис.

 

 

Amazon, Berkshire Hathaway и JPMorganобјавија дека ги обединуваат силите и ќе создадат здравствена компанија. Целта на трите корпорации, лидери во своите сектори, е да ги намалат расходите за здравствена заштита и да ги подобрат здравствените услуги за вработените во САД, објави Financial Times.

Во заедничко соопштение на трите компании, во кои се вработени околу 1 милион луѓе, се споделуваат плановите за формирање посебна, не-профитна здравствена компанија која ќе има за цел да се подобри здравствената грижа за вработените на овие компании во САД, преку намалување на високите трошоци во САД поврзани со здравствена заштита.

Соопштението го карактеризира партнерството како “долгорочен напор”, додека извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, рече дека планот ќе бара “долгорочна ориентација”. Моментално се бара менаџерски тим да ја предводи новата компанија и седиште каде ќе биде лоцирана компанијата.

“За реализација на оваа иницијатива ќе треба многу време и ништо не се менува со нашата актуелна здравствена понуда за вработените. Ќе ве известиме однапред за сите промени”, се вели во соопштението.

Очекувањата се дека новата компанија ќе се фокусира на новите технологии, во насока дека оваа иницијатива ќе донесе технолошки решенија кои  ќе им обезбедат на вработените во САД и нивните семејства поедноставена, висококвалитетна и транспарентна здравствена заштита по разумни трошоци. Претпоставките се дека тоа ќе се развијат нови апликации за да помогнат во процесот на остварување на здравствената заштита. Многу осигурителни компании и здравствени информатички компании веќе го прават тоа, а пазарните можности за вакви иницијативи се навистина големи.

„Зголемувањето на расходите за здравствена заштита дејствуваат како гладна тенија на американската економија“, изјави претседателот и извршен директор на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет.

„Нашата група не успева да одговори на овој проблем. Но, ние, исто така, не го прифаќаме како неизбежен“.

Amazon Unveils Its First SmartphoneСпоред Бафет, ставањето на колективните ресурси на трите компании зад најдобрите таленти во државата може со тек на времето да доведе до ограничување на зголемувањето на расходите за здравствено осигурување, така што истовремено ќе ги зголеми задоволството и резултатите на пациентите.

Основачот и главен извршен директор на Amazon, Џеф Безос, изјави дека системот за здравствена заштита е исклучително сложен, „и на сите кои прават чекор кон овој  предизвик им се јасни потешкотиите“.

„Нашите луѓе сакаат да видат транспарентност, знаење и вештини, како и контрола, кога станува збор за услугите поврзани со нивното здравје. И трите компании вклучени во проектот имаат исклучителни ресурси да ги создадат најдобрите решенија за нивните вработени и нивните семејства“, вели главниот извршен директор на JPMorgan Chase , Џејми Дајмон.

Иако нема доволно детали за новата компанија, самата вест беше доволна за да доведе до пад на цените на акциите на здравствени осигурители, како UnitedHealth, кој е најголем според пазарната капитализација, и CVS Health.

Здравствените расходи во САД растат значително во последните години, што пак води до поскапување и на здравствените осигурувања. Осигурителната премија за еден човек се зголемила за 4% во 2017 година, до 6.690 долари, и пораснала за околу 50% во последната декада, посочуваат податоците на Kaiser Family Foundation. Просечната рата на работник за премијата во 2017 година била 1.213 долари.

Основачот на Амазон, Џеф Безос е познат по тоа што ја трансформираше малопродажбата преку својата компанија Амазон. Влезе во медиумите преку купување на Вашингтон пост и влезе во бизнисот на супермаркетите со купување на Whole Foods. Сега овој иноваторвлегува во здравствена заштита и сите очекувања се дека ќе следат големи промени во начинот на кој функционира здравствената заштита во САД.

Amazon, Berkshire и JPMorgan се меѓу најголемите и највредни приватни работодавачи во САД со над 1 милион вработени и вкупна пазарна капитализација од 1,6 трилиони долари.

Ова не е прв чекор на корпорациите во Америка да се справат со растечките трошоци за здравствена грижа. International Business Machines Corp., Berkshire’s BNSF Railway и American Express Co. се меѓу компании кои во 2016 година ја основаа Health Transformation Alliance во која членуваат над 40 американски компании со цел да ги намалат високите трошоци за здравствена заштита на нивните вработени.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×