Amazon ги отвори канцелариите „во шума“  
Објавено на од во hi-tech & business

По седум години планирање и градење, зградите за потребите на вработените во Amazon во форма на полутопки се отвораат во Сиетл, а од другите деловни објекти на компанијата се разликуваат по тоа што во нив живеат над 40.000 растенија од 400 видови и од 30 држави.

Дизајнирани се со идеја вработените во нив да бидат во слободното време, односно, паузите надвор од канцелариите да ги поминуваат што поздраво и поквалитетно. Овие згради се познати како „сфери“ (The Spheres), а имаат и таканаречени „живи ѕидови“ во чии рамки се засадени над 25.000 растенија. tc_amazon_spheres-32

Конструкцијата се состои од три поврзани полутопки што се изградени од стакло и од челик, а во кои може да се сместат до 800 вработени. Најголемата зграда е висока 28 метри, и широка 40. Во внатрешноста на овој најголем објект температурата е околу 23 целзиусови степени и има околу 60% влажност на воздухот.

Во другите објекти има поинакви мирко-клими, во зависност од потребите на растенијата, па секој вработен во Amazon ќе може да избере каква (клима) му одговара, при што вентилациските системи се дизајнирани да создаваат чувство на благо ветре. tc_amazon_spheres-18-jeff-bezos

Зградите секако имаат Wi-Fi, а компанијата се погрижила никој од вработените да не се заборава, односно, да не поминува премногу време надвор од работното место, со помош на идентификациски беџови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×