Amazon ја отвора првата продавница без касиер
Објавено на од во hi-tech & business

Amazon Go, концептот на физичка продавница во која целокупниот процес на купување е автоматизиран, добива прва јавна локација после повеќе од една година тестирање

Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон, ќе го добие денеска првиот во светот целосно автоматизиран супермаркет во рамките на проектот Amazon Go. По повеќе од година тестирања на концептот на продавница во која нема човек на касата, туку целото пазарење и наплатата се одвиваат автоматски, Amazon објави дека првата ваква продавница, со 167 квадратни метри, ја отвора за јавноста. Capture

Во неа, како што е веќе познато, се купува како и во која и да е друга физичка продавница. Купувачите во количка ги ставаат избраните производи од полиците, а целиот процес го следат низа сензори и камери. Еднаш кога се задоволни со изборот на производи, купувачите тргнуваат кон излезот на продавницата наместо кон касата. Сѐ што треба да направат е пред почетокот на пазарувањето да се пријават преку мобилната апликација Amazon Go – понатаму процесот на следење на купувањето и на наплаќањето се одвива автоматски.

Ваквиот концепт, ако се покаже успешен, би можел од корен да го промени бизнисот на големите синџири супермаркети, и да го означи почетокот на крајот на класичната професија касиер/касиерка. Од Amazon засега не ги откриваат плановите за ширење на овој концепт на поголем број продавници, или за продажба на технологијата на други трговски синџири.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×