Amazon ќе испорачува во домот на купувачот, дури и кога таму нема никој
Објавено на од во hi-tech & business

Онлајн трговскиот гигант Amazon во САД почнува да испорачува порачани производи со помош на „далечинско управување“, што овозможува пакетите да се внесат во куќа или стан дури и ако таму нема никој.

Системот Amazon Key опфаќа и поврзување со „безбедносна“ камера.

Купувачите-корисници така можат да ја следат испораката на пакет благодарение на известување во реално време, и да „присуствуваат“ на испораката во живо или одложено, преку видео на својот смартфон, објасни Amazon во соопштение.

Овој систем (брава + камера + апликација) ќе биде достапен од 8 ноември во 37 американски градови, по цена што почнува од 250 долари.

Конкретно, секогаш кога возачот-курир ќе побара пристап до куќата на купувачот, Amazon ќе провери дали е на точната адреса, во закажаното време, што се врши преку шифриран протокол за потврдување на идентитетот.

Кога овие услови ќе бидат задоволени, камерата во куќата или во станот почнува да снима и вратата се отклучува. „Ниту клучеви, ниту пристапни кодови (за електронските брави и системите за обезбедување) не им се даваат никогаш на доставувачите“, велат од Amazon.

Amazon Key може да се користи и за во куќата или во станот да им биде овозможено да влезат на роднини или пријатели, кога домаќините не се дома.

Во наредните месеци, купувачите-клиенти на Amazon, исто така ќе можат со истиот систем да планираат и да вршат многу други работи, како чистење, одржување, грижа за домашни миленици, преку партнерство со компании за одржување домови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×