Amazon Key – парадигма за клучот на успехот на Џеф Безос и неговата компанија
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

Amazon Holds News ConferenceПодготвени ли сте клучот од домот да го дадете во рацете на Amazon?

Услугата Amazon Key е уште еден показател зошто на најголемиот онлајн продавач му оди сѐ подобро, исто како и на неговиот основач, Џеф Безос, кој деновиве се искачи на врвот на листата на најбогати луѓе на светот, што ја прави Forbes

 

Замислете, односно не мора да замислувате – Amazon веќе остварува, ситуација во која сте на неколкудневно патување, и пред да отпатувате сте имале забава дома по која не сте биле во можност да исчистите, а сакате да си дојдете во среден стан. Со Amazon Key сега ќе можете да нарачате сервис за чистење да отиде кај вас дома (рековме, додека вие не сте таму); вие далечински ќе му ја отворите вратата и преку видео камера ќе следите сѐ што се случува во вашиот стан. Кога сервисот ќе си ја заврши работата и ќе си отиде, на истиот начин, далечински ќе ја заклучите вратата. Кога ќе се вратите од патувањето ќе ве чека средена куќа.

Ова е едно од сценаријата што ги предвидува новата (некои ја нарекоа револуционерна) услуга на компанијата на Џеф Безос, која беше промовирана отприлика кога и шефот на Amazon се искачи на првото место на листата со најбогати луѓе на светот. Секако, директното влијание на Amazon Key врз претворањето на Бил Гејтс во втор меѓу најбогатите не е многу големо, но оваа услуга е показателна за серијата успеси на Amazon. Се работи за иновација што подразбира голема палета на можности (подолу некои се споменати) што може добро да се наплати.

Онлајн трговскиот гигант со услугата ќе почне во САД – ќе испорачува нарачани производи со помош на „далечинско управување“, што овозможува пакетите да се внесат во куќа или во стан дури и ако таму нема никој.

DM-o6l-XkAAZtNJ WEB 940Системот Amazon Key опфаќа и поврзување со „безбедносна“ камера.

Купувачите-корисници така можат да ја следат испораката на пакет благодарение на известување/порака добиена во реално време, и да „присуствуваат“ на испораката во живо или одложено, преку видео на својот смартфон, објасни Amazon во соопштение.

Овој систем (брава + камера + апликација) ќе биде достапен од 8 ноември во 37 американски градови, по цена што почнува од 250 долари.

Конкретно, секогаш кога возачот-курир ќе побара пристап до куќата на купувачот, Amazon ќе провери дали е на точната адреса, во закажаното време, што ќе се врши преку шифриран протокол за потврдување на идентитетот.

Кога овие услови ќе бидат задоволени, камерата во куќата или во станот почнува да снима и вратата се отклучува. „Ниту клучеви, ниту пристапни кодови (за електронските брави и системите за обезбедување) не им се даваат никогаш на доставувачите“, велат од Amazon.

Amazon Key може да се користи и за во куќата или во станот да им биде овозможено да влезат на роднини или пријатели, кога домаќините не се дома.

Во наредните месеци, купувачите-клиенти на Amazon, ќе можат со истиот систем да планираат и да вршат многу други работи, како чистење, одржување, грижа за домашни миленици, преку партнерство со компании за одржување домови.

Amazon има систем на поврзани звучници Echo, кој се активира со гласовни команди со помош на програмата Alexa (интелигентниот личен асистент развиен, исто така, од Amazon) и овозможува слушање музика и вести, диктирање и праќање електронска пошта или SMS пораки, како и управување со домашните уреди – со греењето, со разладувањето, со осветлувањето …

Новата „безбедносна“ камера е веќе претставена, а Amazon ја продава и посебно, зашто, исто така, работи со Alexa.

Системот Amazon Key е резервиран за Prime клиентите, односно претплатниците кои имаат пристап до дигиталните содржини од понудата на компанијата (филмови, ТВ-серии, музика, книги …) и бесплатна испорака на производи што ги нарачале.

Amazon постојано бара нови начини за испорака, како што е поставувањето на свои електронски кодирани сандачиња во различни продавници, од кои купувачите, со шифра, сами можат да го подигнат производот што го порачале од Amazon. Компанијата на Безос испорачува и со мали летала – дронови, на далечинско управување.

Споменатиот основач и директор на Amazon, Џеф Безос, деновиве по втор пат се качи на врвот на листата на најбогати луѓе во светот (претходно годинава накратко успеа да го стори истото), што ја составува Forbes.

Богатството на Безос се проценува на 93,1 милијарди долари, што е 3,1 милијарди долари повеќе од она со кое располага сега вториот, основачот на Microsoft, Бил Гејтс. Трет на листата на Forbes а американскиот инвеститор Ворен Бафет со 80,6 милијарди долари, а на четвртото сопственикот на Inditex (чиј бренд е Zara), Амансио Ортега, со 77,9 милијарди. Првата петорка ја затвора основачот на Facebook, Марк Закерберг, чие богатство се проценува на 73,8 милијарди долари.

Искачувањето на врвот на листата на Forbes на Безос му го овозможија извонредните бизнис резултати на неговата компанија во третиот годишен квартал, што дополнително ја зголеми вредноста на акциите на Amazon и така го зголеми и проценетото богатство на Безос. Благодарение на скокот на цените на акциите од 13%, Безос за кратко време го зголеми своето (проценето) богатство за скоро десет и пол милијарди долари, со што и го претекна Гејтс кој владееше со врвот на листата најбогати уште од 2013 година.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×