Amazon почна да испорачува до багажник
Објавено на од во hi-tech & business

Американскиот онлајн гигант Amazon почна да нуди нова услуга во 37 града во САД. Се работи за испорака директно до багажникот на автомобилот на клиентот. За да се користи бесплатната услуга, клиентот прво треба да отвори специјален профил на сајтот на Amazon, преку кој ќе дозволи багажникот на неговото возило да се отвора без клуч.

Ваквата испорака бара и соодветен автомобил, а од компанијата прецизираат дека речиси сите модели на Chevrolet, Buick, GMC, Cadillac и Volvo после 2015 година се погодни за целта.

Услугата Amazon Key In-Car ја користи интернет врската на автомобилот, за далечински да го отвори багажникот. Доставувачите на Amazon добиваат еднократен пристап за отворање на багажникот, а за целта се користи камера, за да може да се набљудува целиот процес по оставањето на пратката. Откако сѐ ќе заврши, клиентот праќа сигнал до возилото кое автоматски го затвора багажникот.

За да може успешно да се користи ваквата испорака, автомобилот треба да е паркиран во радиус од неколку станбени згради од адресата посочена за достава. Треба да се дадат и податоци за бојата и за моделот на автомобилот, и преку GPS возилото ќе биде откриено.

Услугата почнува да ја нуди Amazon како одговор на зачестените кражби на испорачани до влезната врата пакети. Тоа принудило голем број клиенти на Amazon во САД да ги пренасочат испораките до адреси на свои роднини, каде што се сигурни дека ќе има нивен човек што ќе ги прими.

Ограничувања за испораката до багажник се пакетот да не тежи повеќе од 23 килограми, а димензиите да не бидат поголеми од 66/53/40 сантиметри. Содржината на пакетот не смее да чини повеќе од 1.300 долари.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×