Amazon почнува експериментална програма со 30-часовно неделно работно време
Објавено на од во hi-tech & business

Amazon наскоро ќе почне експериментална програма со 30-часовно работно време за одреден број од своите вработени. Во програмата ќе учествуваат неколку технички тимови составени од вработени кои и онака не работат цело работно време. Овие вработени ќе имаат исти бенифиции како оние кои работат 40 часа неделно, но ќе примаат 75% од платата.

„Целта ни е да создадеме работна атмосфера обликувана така што да го намалиме бројот на работни часови, но да ја задржиме успешноста на компанијата и да продолжиме да им овозможуваме на нашите вработени да ги развиваат своите кариери“, објавија од Amazon.

А до идејата дошле откако сфатиле дека традиционалното полно работно време можеби не им одговара на сите.

Објавата доаѓа точно една година откако компанијата беше критикувана во New York Times дека ги присилува вработените да работат и по 80 часа неделно, при што ретко земаат годишни одмори.

Од Amazon критиките ги отфрлика како неоправдани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×