Amazon за милијарда долари купува стартап што произведува паметни ѕвончиња
Објавено на од во hi-tech & business

Ring, стартапот што ги комерцијализираше ѕвончињата за врати со вградена камера, ќе стане дел од Amazon во една од нивните најголеми аквизиции досега.

Основниот производ на Ring е „паметното ѕвонче“ кое има вградено камера и можност за безжично поврзување на интернет – кога некој ќе заѕвони на ваквото ѕвонче, на сопственикот му стигнува слика на „гостинот“ на мобилниот телефон.

Оваа едноставна идеја многу добро е комерцијализирана во САД, што Amazon го препознал како можност во контекст на намерата на компанијата за што поедноставно и посигурно доставување пакети до вратата на корисниците.

Amazon за целта е спремен преземањето на Ring да го плати над милијарда долари. Досега најголеми аквизиции на компанијата на Џеф Безос се преземањето на трговскиот синџир за здрава храна, Whole Foods за 13,7 милијарди долари лани, и купувањето на онлајн трговецот Zappos за 1,2 милијарди во 2009 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×