Амбасада на САД: Локалните избори беа компетитивни – подобрени се демократските процеси
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Амбасадата на САД ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека локалните избори беа компетитивни и дека почитувањето на основните слободи придонесе кон подобрување на демократскиот процес.

„Овие заклучоци се во согласност со она што тимовите од Амбасадата на САД го забележаа за време на првиот и вториот круг од изборите“, се наведува во денешното соопштение од Американската амбасада во Скопје.

Таму каде што постои загриженост за неправилности и злоупотреби, Амбасадата на САД, како што стои, повторно им препорачува на граѓаните да ја искористат соодветната процедура и да ги пријават, а на релевантните власти брзо да ги адресираат.

„Исто така, ѝ препорачуваме на Државната изборна комисија и на други релевантни владини тела да го искористат периодот по овој изборен процес за да се фокусираат на препораките на ОДИХР што беа дадени по изборите во 2016 и во 2017 година. Со ова ќе се зајакнат идните изборни процеси“, се посочува во соопштението од Амбасадата на САД.

Силна локална власт, наведуваат од Амбасадата, обезбедува основи за една динамична демократија.

„Ги охрабруваме новоизбраните градоначалници и советници да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини. Амбасадата ќе ја продолжи соработката со општините, организациите и граѓаните за да се унапредат клучните реформи на локално ниво“, се наведува во соопштението.

Амбасадата на САД, исто така, им честита на граѓаните на Македонија кои го искористија своето право на глас за време на локалните избори во октомври 2017.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×