Амбасадата на Словенија и Creative Hub организираат прв Креатон
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Creative Hub во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје и Делегацијата на Европската Унија го организира првиот креативен хакатон – „Creathon”.
kreaton-235331Креативци (графички дизајнери, веб дизајнери и маркетери) ќе работат на создавање стратегии за подобрување на дизајнот, веб страната и маркетинг стратегијата на мали и средни бизниси, кои преку своите производи и услуги го промовираат културното наследство на земјата.
„На заедничка иницијатива со амбасадорот на Република Словенија во Македонија  Милан Јазбец сакаме да помогнеме на бизниси кои го промовираат културното наследство на земјата, како охридскиот бисер, филигранот, па дури и мала винарија која произведува вино и промовира македонски производи. За таа цел формиравме тимови од студенти од академиите на графички и веб дизајн и Академијата за маркетинг и ПР на Creative Hub кои заедно со ментори од Скопје и Љубљана 45 дена ќе работат на стратегии и дизајни за подобро претставување на овие компании што го промовираат културниот туризам на земјата. Накратко, креативното знаење на нашите студенти ќе го ставиме во функција на реална поддршка на оние кои ја промовираат културата на нашата земја“, изјави Аријана Коскарова од Creative Hub.
Креатонот што ќе трае 45 дена ќе помине низ три фази, а со креативците ќе работат ментори од Creative Hub, но и од Академијата за ликовни уметности во Љубљана кој имаат за цел преку современи Design Thinking методи да ги насочат групите на создавање на оригинални и функционални стратегии за промоција на културниот туризам.
Во првата фаза на проектот 15 студенти од Академијата за графички дизајн на Creative Hub, Академијата за веб дизајн на Creative Hub и Академијата за маркетинг и пр на Creative Hub ќе работат на истражување на пазар.
Ќе бидат селектирани пет компании од областа на промоција на културниот туризам тимовите ќе имаат 30 дена да изработат стратегија и 10 ментори ( од областа на брендирање, адвертајзинг стратегија, фотографија, веб дизајн, UX I UI design, дигитален маркетинг) од Скопје и Љубљана со кои ќе работат за време на проектот.
Завршните дизајни од проектот на 14 ноември ќе бидат презентирани на Самитот за креативни индустрии во Љубљана, а една недела подоцна и во Скопје.
Оргаизаторите најавуваат дека ќе има целосен пренос од процесот на имплементација во живо на Фејсбук страната на Creative Hub Macedonia како и на веб страната – www.creativehub.mk .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×