Амбасадорите на најмоќните држави попладне ќе имаат средба со премиерот Груевски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Амбасадорите на најмоќните држави во земјава, попладне во 16 часот ќе имаат средба со премиерот Никола Груевски. Дипломатски извори за Капитал соопштуваат дека на средбата ќе учествуваат амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Италија, Германија и Франција, а тема на разговор ќе бидат последните случувања во Куманово.

По средбата, амбасадорите ќе имаат заедничка изјава, но простор за новинарски прашања ќе нема.

Денес претпладне, и претседателот Ѓорѓе Иванов имаше средба со дипломатскиот кор во земјава.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, македонскиот претседател ги информирал амбасадорите за вчерашната седница на Советот за безбедност, а биле разменети и информации за последните случувања во Куманово и безбедносната состојба во Македонија.

Вчера, пак, со заедничко соопштение до јавноста се обратија амбасадорите на ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, во кое повикаа лидерите да се обединат и да почнат дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата.

„Сите длабоко жалиме за загубата на животи во операцијата во Куманово која изгледа е завршена.
Нашите мисли се со семејствата на полицајците кои беа убиени во операцијата и со граѓаните кои се најдоа среде насилствата.
Легитимните политички претставници овде и во регионот го отфрлија насилството. Вооружените групи во Куманово се изолиран феномен. Силно веруваме дека не смее да се нарушат односите во општеството.
Исто така се надеваме дека ова е моментот лидерите да се обединат и да почнат дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја продолжената политичка криза и неопходните реформи“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×