Америка го блокира влезот на Хрватска во OECD?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Америка се чини дека го блокира влезот на Хрватска во ОЕЦД, пишуваат регионалните медиуми. Тоа е нова дипломатска пречка на патот до најважната меѓународна организација.
OECDСловенија остана непопустлив да продолжи да го блокира членството на Хрватска во ОЕЦД, но, според последните информации, и САД се противат на пристапувањето на Хрватска во ОЕЦД (OECD).
Поточно, на прашањето дали се точни информациите дека САД го блокираше членството на Хрватска во ОЕЦД, од претставништво на САД во Загреб одговориле дека “ОЕЦД ги носи своите одлуки врз основа на  консензуални одлуки и дека секоја одлука да се започне процесот на пристапување на друга земја бара согласност од сите 36 членки на ОЕЦД. “
Во претставништвото не биле наклонети за понатамошно разјаснување на своите ставови, но фактот дда не се добие пристапувањето на Хрватска во ОЕЦД бара консензус од сите 36 земји-членки, укажува дека постојат некои американски незадоволство од Хрватска во процесот на пристапување кон таа организација. Дипломатски било одговорено и на хрватското Министерство за надворешни работи, кое признало дека САД се противи на пристапувањето на Хрватска во ОЕЦД, но од таму рекле дека не постои специфичен проблем меѓу САД и Хрватска.
“Повеќе од пет земји се на листата на чекање за повик за почеток на преговори за приклучување на ОЕЦД (Бугарија, Романија, Перу, Аргентина и Бразил). САД во принцип не се противат на проширувањето на ОЕЦД за нови членки, но сметаме дека ОЕЦД се уште нема изградено доволен капацитет за да биде во можност да прифати поголем број на земји. Затоа, од страна на ОЕЦД и од страна на сите земји-членки (36) се бара пред проширувањето, да се спроведат некои реформи, со цел да се создадат услови за подобро функционирање на организацијата. Затоа, САД не го блокира влезот на Хрватска во ОЕЦД, која учествува во работата на неколку комисии и за подготовка на процесот на проширување”, се вели во одговорот на хрватското МНР

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×