Америка и Франција се спротивставија на криптовалутата на Фејсбук
Објавено на од во hi-tech & business

Кој сака да биде банка, нека побара дозвола, вели Трамп. 

trump libraПо изјавата на шефот на американската централна банка, Џером Пауел, кој рече дека Фејсбук треба да се откаже од лансирањето на криптовалутата, се огласи и претседателот Доналд Трамп.

Тој на Твитер напиша дека не е љуботел на биткоини или други криптовалути кои не се пари и чија вредност е многу нестабилна и се заснова на “воздух”.

“Ако Фејсбук и други компании сакаат да станат банки, тие мора да побараат лиценца за банкарски бизнис и да станат предмет на регулација, како и други банки, домашни и меѓународни”, рече тој.

Дека Фејсбук силно ги разниша традиционалните финансиски кругови исто така сведочи извор од Фајненшал тајмс од француско министерство за финансии, посочувајќи дека оваа земја нема да им дозволи на приватните компании да воспостават платни инструменти еквивалентни на националната валута.

“Ние нема да дозволиме приватни компании да ги апсорбираат атрибутите на државниот суверенитет”, изјави неименуван официјален претставник пред самитот на Г7, разговарајќи, меѓу другото, за криптовалутите и компјутерска безбедност

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×