Американ Колеџ домаќин на Научна средба на Европската мрежа за нетериторијална автономија (ЕНТАН)
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје денеска ќе биде домаќин на Првата научна средба „Етнички права без сепаратизам“, организирана во соработка со Европската мрежа за нетериторијална автономија (ЕНТАН).
university-american-college-skopje-1На средбата ќе учествуваат 50 научници и истражувачи од 27 европски земји. Меѓу присутните ќе биде и проф. д-р Тове Малој, директорка на Европскиот центар за малцински прашања од Германија, како и други еминентни професори и доктори на наука.
Оваа работна средба е дел од активностите во рамки на проектот за нетериторијална автономија, што го спроведува Универзитетот Американ колеџ Скопје, а е финансиран од европскиот фонд за наука COST. Европската меѓувладина асоцијација за соработка во науката и технологијата COST (Cooperation in Science and Technology, www.cost.eu) е најстарата европска платформа за соработка меѓу научници од сите дисциплини.
Станува збор за четиригодишен научно-истражувачки проект, под наслов „ЕНТАН – Европска мрежа за нетериторијална автономија“, чија цел да ги истражува нетериторијалните модалитети на заштита и унапредување на малцинските права, а Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) е првата македонска високообразовна институција што стана носител на проект финансиран преку овој европски фонд за наука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×