Американска компанија инвестира 18 милиони долари во Македонија
Објавено на од во Инвестиции

Осумнаесет милиони долари вреди новата американска инвестиција во Македонија која ќе отвори нови 400 работни места. Инвеститорот „Капкон аутомотив“ е од автомобилската индустрија и ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња наменети за пазарот во Европа. Договорот го потпишаа извршниот директор на американската компанија, Али ел Хаџ, директорот на Агенцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Климент Шеќеровски.

“Капкон го избра Скопје за свој дом за деловните активности и производството наменето за пазарите во Европа. Овој производствен капацитет откако ќе стане целосно оперативен ќе вработи околу 400 лица. Исто така, имаме намера да ги прошириме нашите активности тука и да отвориме технички центар кој исто така ќе има инженерска поддршка во овој капацитет”, рече Али ел Хаџпо потпишувањето на Договорот.

Објектот на фабриката се очекува да биде оперативен во вториот квартал од 2015 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×