Американска компанија ветува живот по смртта давајќи му вештачко тело на мозокот на клиентот
Објавено на од во hi-tech & business

Технологија што би овозможила со вештачка интелигенција да се оживее починат човек би можела да биде целосно употреблива за 30 години, тврди компанијата што се занимава со роботика фокусирана на продолжување на човечкиот живот, Humai, основана во Лос Анџелес.  Мозокот по смртта би се замрзнувал со посебна технологија и потоа би бил пресаден во вештачко тело.

Заинтересираните за ваков живот по смртта ќе треба да потпишат договор со Humai долго пред евентуалната операција, бидејќи во периодот од склучувањето (на договорот) до смртта на клиентот, компанијата со помош на вештачка интелигенција ќе собира детални податоци за животните навики, и за целокупното однесување, вклучително и за комуникацијата со другите луѓе. Сензори ќе собираат податоци и за функционирањето на телото, и сите (податоци) заедно ќе бидат складирани на микрочип што ќе се активира кога мозокот ќе биде одмрзнат и пресаден во вештачкото тело, планираат во Humai.

Основачот на компанијата, Џош Боканегра, вели дека всадениот мозок ќе ги контролира сите функции на вештачкото тело. И оти со нанотехнологија и со клонирање ќе се обновуваат и „поправаат“ мозочните келии. Додека не поминат триесетте години, за колку што Боканегра очекува дека оваа технологија ќе стане целосно достапна, на клиентите им се нуди замрзнување на мозокот и складирање на податоците на микрочип.

One thought on “Американска компанија ветува живот по смртта давајќи му вештачко тело на мозокот на клиентот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×