Американската канабис индустрија вртоглаво расте
Објавено на од во Економија
Во моментов повеќе луѓе работат во легалната индустрија за канабис во САД одошто е бројот на забни техничари во земјата.
Marihuana industrija

 

 

 

 

 

 

Вкупниот број огласени слободни работни места во легалната канабис индустрија во САД пораснал за 445% во 2017 година, според истражувањето на вебсајтот за вработување, ZipRecruiter, а пренесува Business Insider. Овие бројки доаѓаат како последица на тоа што с$ поголемиот број сојузни држави во САД го легализираат производството и продажбата на марихуана за рекреативна и медицинска употреба. Досега девет американски држави како и главниот град Вашингтон ја легализираа марихуаната, иако на федерално ниво, с$ уште е официјално забранета. Заради овој тренд, сега има повеќе работници во легалната канабис индустрија одошто забни техничари во САД, како што тврди Marijuana Business Daily, финансиска публикација фокусирана на овој бизнис сектор. Според нив, во 2017 година имало 230 илјади луѓе вработени во легалната канабис индустрија во САД, во споредба со 201 илјада забни техничари, како што се официјалните податоци на американското Биро за статистики на работна сила.

Растот на работните места во канабис индустријата сега го надминува оној на најбрзо растечките сектори во САД, како, технолошкиот и здравствениот. Во здравствената индустрија растот на слободни работни места бил 70% во 2017, додека во технолошкиот сектор, каде што се подразбира софтвер и ИТ, порастот на побарувачката за нови кадри е 254%, според ZipRecruiter.

Работните места во канабис индустријата се претежно концентрирани во епицентрите на овој сектор – Лос Анџелес, Сан Франциско,  и државата Колорадо, како и неколку градови во Флорида. Американците потрошиле околу девет милијарди долари за легален канабис во 2017 година, според аналитичката фирма BDS Analytics. Сега, откако марихуаната стана легална и во Калифорнија, најнаселената држава во САД, предвидувањата се дека за годинава, можна е потрошувачката само во оваа држава да биде околу пет милијарди долари. Колку за споредба, жителите на Калифорнија потрошиле исто толку пари за пиво во 2017 година.

Вкупната потрошувачка на канабис во САД до 2021 година се очекува да порасне до 21 милијарди долари, вели BDS. Заедно со индиректните ефекти на оваа потрошувачка, како што се трансакциите помеѓу компаниите за канабис и останатите бизнис сектори – транспорт, пакување, итн. – се очекува оваа сума да достигне преку 40 милијарди долари до 2021 година и да креира дополнителни 414 илјади работни места.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×