Американската компанија Дура почна инвестиција од 18 милиони евра во Бунарџик
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје почна со изградба на производствен капацитет а инвестицијата се проценува на 18 милиони евра.

Компанијата донесе одлука да го прошири своето производство во Македонија со отворање фабрика на површина од околу 16.000 метри квадратни, а според најавите, се очекува да почне со работа следното лето. Планирано е да бидат вработени околу 500 луѓе.

Иницијално, производството во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.

„На мое големо задоволство менаџментот на ‘Дура аутомотив системс’ ги препозна неколкуте клучни придобивки поради кои Македонија е првиот избор за поддршка на нивниот раст во Европа – технички способната работна сила, добрата инфраструктура и силната поддршка за странски инвестиции. Сето тоа, заедно со остварениот прогрес во евро-атланските интеграции, бизнис ориентираната клима и мерките што ги креиравме со Планот за економски раст е пoказател дека сме на вистинскиот пат и градиме економија која ќе продуцира нови работни места, поголема ефикасност, продуктивност и конкурентност на компаниите, зголемување на извозот и пораст на инвестициите, кон крајната цел – повисок животен стандард и подобар живот за нашите граѓани“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Во фабриката, на површина од 16 000 метри квадратни, ќе се произведуваат екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.

Мајк Бекет, потпретседател на „Дура“, истакна: „Во споредба со другите избори, Скопје има севкупна супериорна оценка и е најдобро по однос на способност на работната сила, ангажман од страна на Владата и веројатно за успешен процес на работа“ .

Тој нагласи дека од неколку технолошки центри во Јужна и Северна Америка и Европа „Дура“ развива целосни системи и модели за водечки производители во автомобилската индустрија како „ауди“, „фолксваген“ и други.

Според премиерот Зоран Заев, почетокот на изградбата на фабриката на „Дура“ е показател дека Македонија сериозно се позиционира како стабилна и долгорочна дестинација за инвеститорите.

„Неодамнешната покана за членство во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ ќе резултираат со уште поголема доверба и нови инвеститори“, рече Заев, потенцирајќи дека членството во НАТО ќе обезбеди сигурност за инвестициите и нивно зголемување во Македонија по примерот на друигте држави, како Бугарија и Естонија, каде вкупното учество на инвестициите од околу седум проценти во БДП по членството во Алијансата се зголемило на 19,8 проценти, односно 13,5 проценти.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, капацитетот на „Дура“ е деветта американска инвестиција во државава кои овозможуваат 9 500 вработувања. Тој потсети дека 40 проценти од капиталот во зоните е од САД, а изборот на „Дура“ за влез на македонскиот пазар е доказ дека Владата има транспарентна и конкурентна политика за инвеститорите.

Фабриката во Македонија ќе биде 37-та инвестиција на „Дура“ во светот и 16-та во Европа. Компанија „Дура“, со седиште во Мичиген, е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×