Американската компанија „Кап-Кон“ започна со работа – ветува 400 вработувања
Објавено на од во Компании

KapKon2Во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик денеска почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“, инвестиција од 18 милиони долари на американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-Кон аутомотив технолоџис“.

Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а инвеститорот најавува вкупно 400 вработувања. Компанијата ќе биде извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар.

„Листата на големи и мултинационални компании од светот кои имаат свои фабрики во Македонија од денеска се зголемува и со американскиот инвеститор Кап-Кон“, рече на отворањето премиерот Никола Груевски.

Главниот извршен директор на Кап-Кон,  Али Ал Хаџ информира дека досега во изградбата на капацитетот се инвестирани 12 милиони евра во машини и опрема и оти  фабриката во Македонија ќе биде нивниот централен фокус на европскиот пазар.

„Инсталацијата на високософистицирани производни линии во комбинација со талентираниот локален персонал ќе ни овозможи да произведуваме само најквалитетни производи кои ќе бидат испорачувани до нашите потрошувачи. Нашиот план е да го  зголемиме производството во претстојните недели до 2,5 милиони единици годишно. Исто така, АРЦ планира да го удвои овој капацитет во текот на  следните шест месеци, а потоа планираме да произведуваме и пет до шест милиони каписли за воздушни перничиња“, рече Ал Хаџ.

Инаку, договорот со Кап-Кон за инвестицијата во фабриката во Бунарџик беше потпишан во декември лани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×