Американската софтверска фирма Symphony  ќе отвора канцеларии во Скопје, Солун, Софија и  Нови Сад
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Компанијата е основана од двајца партнери со потекло од Балканов, а клиенти ѝ се најиновативните компании од Силиконската долина.
Symphony

Харис Мемиќ и Муамер Чишија, основачите на Symphony

 

 

 

 

 

 

 

 
Софтверската групација  Symphony со седиште во Сан Франциско, САД,  објави дека планира да отвори четири нови канцеларии на Балканот со цел да го зголеми својот раст преку ангажирање на талентирани инженери од регионов, јавува Seenews.com. Новите канцеларии ќе бидат во Скопје, Солун, Софија и Нови Сад, покрај актуелните центри во Сан Франциско, Сараево и Белград, се вели во соопштението на компанијата. Компанијата планира моменталниот број на вработени, 80, да го зголеми четирикратно со новите развојни центри.

“Силно веруваме дека талентираните луѓе од регионов не го добиваат заслуженото внимание. Немаат предизвик, што значи дека нивните потенцијали се недоволно искористени. Нашата главна цел е да им дадеме предизвик и да им помогнеме да еволуираат и успеат во својот личен развој“, вели Харис Мемиќ, главен извршен директор на Symphony.

Symphony е основана во 2009 година од Мемиќ и неговиот партнер Муамер Чишија и работат на софтверски решенија во областа на machine машинско учење (machine learning), засилена реалност (augmented reality), биотехнологија, итн. Клиенти им се најиновативните технолошки компании во Силиконската долина, меѓу кои и Highfive  и Epinomics, коишто развиваат решенија за Google Glass  и Oculus Rift.

Харис Мемиќ е роден во Србија, пораснал во Холандија, студирал информатика во Хаг и има меѓународно искуство во работа на проекти и водење на инженерски тимови, а Муамер Чишија е роден во БиХ, пораснал во Данска, а своите магистерски студии ги завршил на престижниот Стенфорд во САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×