Американската “Теламон” ќе инвестира 11 милиони долари во фабрика во Македонија, прва во Европа  
Објавено на од во Економија

Telamon 1Мултинационалната компанија „Теламон“ од САД денеска го потпиша Договорот за инвестирање во Македонија, според кој се прдвидува изградба на фабриката во која ќе се произведуваат електрични кабли за автомобилската индустрија. Во фабриката која ќе се гради во Скопје и која е прва фабрика на Теламон во Европа се планира да се инвестираат вкупно 11 милиони долари и да се вработат 600 лица.

Договорот го потпишаа министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска и директор на „Теламон“ Том Пуза, anа потпишувањето на договорот присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Ангушев.
“Остануваме посветени на создавање поволна деловна бизнис и атрактивна  клима за да ја препознаат Македонија како стабилна долгорочна бизнис дестинација која обезбедува и сигурност на нивната инвестиција и капитал”, рече премиерот Заев.
Тој додаде дека поканата што ја добивме за почеток на преговори за членство во НАТО рече дека  уште повеќе ќе ја зацврсти оваа позиција на Македoнија како посакувана и стабилна дестинацијаза инвестирање.
Според вицепремиерот Анѓушев изборот на „Теламон“ да го прошири своето производство во Македонија покажува дека земјата е конкурентна во својата политика на поддршка на директните странски инвестиции.
“Странските компании ја препознаваат Македонија како место за развој на нивниот натамошен бизнис и стратегија, атоа не поттикнува да ги развиваме нашите економски политики и ни кажува дека сме на добар пат”, рече Ангушев и додаде дека претставници на компанијата дошле само пред шест месеци и оти во Владата посветено се работело да се создадат услови таа да почне со своите активности.

Stanleu Chen

Стенли Чен, главен извршен директор на Telamon.

“Возбудени сме да ги започнеме нашите европски операции од растечка, пријателска кон бизнисот земја, како Македонија, која е толку полна со потенцијал. Тоа е совршена комбинација на инфраструктурна и ценовна конкурентност што ќе ни овозможи да ги опслужуваме нашите клиенти од Западна Европа на Блискиот Исток”, изјави Стенли Чен, извршен директор на компанијата Теламон на нивната корпоративна веб страна.

Теламон во Македонија првично ќе инвестира четири милиони евра и ќе вработи 300 лица, а во следната фаза ќе се инвестираат дополнително уште седум милиони евра и ќе се вработат уште 300 лица. Првичниот капацитет на фабриката во Македонија се проценува на 5 милиони парчиња, со цел тој да се зголеми до 25 милиони парчиња годишно, со што двојно би се зголемило сегашното производството на Теламон.

Директорот на „Теламон“ Том Пуза посочи дека до крајот на годината очекуваат да имаат 50 вработени, а првите производи до потрошувачите да ги испорачаат до есен.
Пуза потенцираше дека е значајна помошта што ја добиваат тука и дека се заинтересирани за долгорочна соработка.
“Направивме истражување на различни земји во Централна и Источна Европа, меѓу кои беше и Македонија и навистина бевме пријатно изненадени од она што не пречека тука. Наидовме на група љубезни луѓе кои беа заинтересирани за развојот на земјата и активно да учествуваат во развојот на бизнисот”, рече Пуза.
Компанијата Телaмон има седиште во Кармел, во американската држава Индијана, а присутна во Мексико, Кина и САД . Произведува телекомуникациски и индустриски решенија за многу индустрии. Ова е прва фабрика која Телaмон ја отвара во Европа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×