Американски дух – швајцарска прецизност: Новите колекции на Hamilton ексклузивно во Божиновски
Објавено на од во lifestyle

Спојот на американскиот дух и на швајцарската прецизност за прв пат пристигна во Македонија, ексклузивно во Божиновски часовници и накит, преку брендот за часовници Hamilton.

Уште од своето создавање во 1892 година, Hamilton е вистински пионер на иновативниот дизајн и на техничката прецизност. Благодарение на беспрекорниот изглед на часовниците, Hamilton веќе шест децении е во блиска соработка со познати холивудски режисери и костимографи, појавувајќи се во повеќе од 300 блокбастери.

Брендот опфаќа две производни линии – American Classic и Khaki, изградени врз американското наследство на брендот, кој обединува модерен изглед и швајцарска технологија.

Божиновски часовници и накит претставува шест колекции на Hamilton, и тоа, AMERICAN CLASSIC – колекција која во себе ги носи корените на брендот; JAZZMASTER – хармонична колекција со извонредна комбинација на иновативност и мода; BROADWAY  – урбана и спортска колекција која со својот метрополитски дизајн го одразува американскиот дух на брендот. KHAKI FIELD  – колекција која со својата солидна конструкција и елегантен дизајн го пренесува духот на оригиналните војнички часовници произведени од Hamilton во 40-тите години; KHAKI AVIATION –колекција која нуди класичен авијатичарски стил и функции прилагодени за потребите на еден пилот; и  KHAKI NAVY – колекција која е совршен партнер за сите водени спортови и активности.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×