Американски официјални лица: Се чини Израел се подготвува за војна со Иран
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Tри американски официјални претставници изјавиле за телевизијата NBC дека израелски воени авиони F-15 го извеле нападот на базата на северот на Сирија, која наводно е под иранска контрола.

Американците изјавиле дека се чини оти Израел се подготвува за активен конфликт и дека бара помош од САД. Како што наведува NBC, цел на нападот од неделата навечер била испорака на оружје, вклучувајќи ракети земја-воздух, штотуку пристигнати од Иран.

Податоците за бројот на жртвите, меѓу кои наводно се доста Иранци, варираат од 16 до 38. Еден соговорник на NBC изјавил дека иранско-израелскиот конфликт најверојатно ќе се развие во отворен конфликт.

Погодената база ѝ припаѓала на 47 бригада на сириската армија, но наводно била користена како штаб за иранските војници. САД и Израел ги надгледуваат зачестените ирански испораки со транспортни авиони од Иран во Сирија, а и едните и другите велат дека се работи за муниција што би можела да се употреби против Израел.

Иран, пак, преку висок функционер, соопшти дека ќе одговори „на соодветно место и време“ на наводниот израелски ракетен напад.

Станува збор за претседателот на иранската парламентарна комисија за национална безбедност, Аладин Боруџерди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×