Американски специјалци кои ќе ловат челници на ИД се распоредени во Ирак
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Единици од силите на САД за специјални операции пристигнале во Ирак, подготвени да работат со ирачката армија за следење и уништување цели на Исламската држава, изјави министерот за одбрана на САД, Аштон Картер.

„Специјалните сили, за кои беше соопштено во декември, веќе се на дестинациите, подготвени да работат со Ирачаните за уништување борци и команданти на Исламската држава“, изјави Картер.

Се очекува бројот на распоредени сили да биде околу 200. Лани, САД во Сирија испрати 50 свои војници од специјалните сили за да го координираат дејствувањето на локалните воени формации што имаат поддршка од Америка.

Во своето годишно обраќање, претседателот на САД, Барак Обама, наспроти критиките од републиканците дека неговата стратегија против ИД е недоволна, рече дека администрацијата што ја води е јасно фокусирана на уништување на екстремистите. Следните месеци уште 1.800 американски војници (од 101-вата воздушнодесантна дивизија) ќе бидат распоредени во Ирак за да ги обучуваат ирачките сили и курдските борци.

Картер во своето обраќање пред оваа дивизија призна дека освен во Сирија и во Ирак, ИД се распространила и во Северна Африка, во Авганистан и во Јемен, што, како што рече, бара брзи одговори. Министерот за одбрана на САД изјави дека следната недела, во Париз, ќе има средба со министрите-колеги од Франција, од Велика Британија, од Австралија, од Германија, од Италија и од Холандија, на која ќе бидат разгледани идни активности против терористичките организации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×